• Latest

На климатската конференција КОП26 постигнат договор за забрзување на борбата против затоплувањето

November 14, 2021
Кијив, 29 ноември 2026 (извор: ДСНС)

Студот – руско оружје на теророт: Над 1.960 дронови за една недела, жртви и разурнати домови во Украина

November 29, 2026

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На климатската конференција КОП26 постигнат договор за забрзување на борбата против затоплувањето

November 14, 2021 19:18
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување, без да се осигура дека затоплувањето ќе остане на 1,5 степени Целзиусови и без одговор на барањата за помош на сиромашните земји.

Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори, со удар со чекан од страна на британскиот претставник Алок Шарма, претседавач со Светската климатска конференција.

Како показател за тоа колку тешко се дошло до договор, Шарма со растреперен глас рече дека му е „многу жал“ за промените направени во текстот во последен момент, а кои се однесуваат на фосилните горива на барање на Кина и Индија. Тој претходно оцени дека договорот воведува „деценија со растечки амбиции“ по прашањето на климата.

Индија интервенираше за да ја ублажи формулацијата во текстот во врска со намалувањето на емисиите на јаглен.

Неколку земји, вклучително и мали островски држави, рекоа дека се длабоко разочарани од формулацијата дека енергијата на јагленот „постепено опаѓа“ наместо да биде напишано дека „постапно се укинува“, бидејќи поединечно е најголемиот извор на емисии на стакленички гасови.

Други земји ја опишаа ревизијата како одвратна и против правилата, но наведоа дека тоа е нешто што морале да го прифатат за да ја завршат двонеделната конференција на ОН за климата (КОП26) во Глазгов, Шкотска.

Пред Индија да успее да ја направи оваа промена во конечната декларација, претставниците на повеќе земји рекоа дека текстот на нацрт-декларацијата не оди доволно далеку или доволно брзо, но дека компромис е подобар од ништо и претставува напредок ако не и успех.

Сепак, се смета за успех што во текстот се спомнуваат фосилните горива како главен извор на глобалното затоплување, а тие не беа споменати во Парискиот договор од 2015 година.

За критичното прашање за ограничување на порастот на температурата, во текстот се повикуваат земјите-членки да ги подигнуваат своите обврски за намалувања поредовно отколку што е предвидено со Парискиот договор од 2015 година, почнувајќи од следната година.

Сепак, додадена е клаузула за можноста за приспособување на „специфичните национални околности“ и поради тоа невладините организации изразија сомнеж за вистинските амбиции на усвоениот документ.

Постигнатиот компромис не гарантира дека ќе се почитуваат целите од Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување далеку под два степени Целзиусови и, ако е можно, на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриската ера, но сепак му дава можност на британското претседателство да ја прогласи за успешна конференција во Глазгов. Целта на Британија на овој собир беше да остане перспективата за ограничување на затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови.

Не се најде решение за прашањето за помошта за сиромашните земји. Сиромашните земји попуштија и се согласија да го продолжат дијалогот за да не го изгубат постигнатиот напредок во борбата против затоплувањето, чии последици веќе директно ги чувствуваат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ