• Latest

Позитивни сигнали за решавање на спорот со Бугарија, Реџепи се појави и ги демантираше сите шпекулации, во Дебар победи кандидатот за градоначалник на ДУИ

November 15, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Позитивни сигнали за решавање на спорот со Бугарија, Реџепи се појави и ги демантираше сите шпекулации, во Дебар победи кандидатот за градоначалник на ДУИ

November 15, 2021 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Приоритет на новата бугарска влада ќе биде брз работен процес за надминување на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија

Максимално брз работен процес за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје – ова го најави партијата „Продолжуваме со промената“ на двоецот Кирил Петков и Асен Василев, која според изборните резултати од парламентарните избори изби на прво место, пред ГЕРБ на Бојко Борисов.

Уште синоќа, по првите неофицијални резултати, Кирил Петков, еден од копретседавачите на партијата, од БНТ доби најдиректно прашање: Имате ли конкретни одговори на прашања кои уште сега се поставуваат – на пример, позицијата на Бугарија кон Северна Македонија во однос на проширувањето на ЕУ – имате ли категоричен став што треба да се направи сега?

„Да, имаме категоричен став што треба да се направи. Треба веднаш да направиме работни групи од двете земји, и Бугарија, и Македонија, кои ќе вклучуваат историчари, но ќе вклучуваат и луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, и да почнеме да разговараме, не само за историја, туку да разговараме за сѐ што може да постигнеме ако имаме добрососедски односи. Крајно време е да сфатиме дека не е нормално за да стигнам до Скопје да летам преку Виена, не е нормално да немаме железничка линија која ќе нѐ поврзува, не е нормално на бугарскиот бизнис да му е полесно да продава во Австралија, отколку во Македонија. Истото важи и за нашите колеги во Македонија. Ние треба да почнеме да зборуваме за сите нешта за кои може да имаме полза од добрососедските односи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и ангажман за средба, на пример, еднаш месечно. Така што, да не се зборува само за ‘пред шест месеци’ и ‘да се фрла камен во соседното село’, ако може така да се изразам, туку реално да имаме работни групи. Ние треба да си ги заштитиме нашите национални интереси, тие треба да си ги заштитат нивните, но со заеднички услов – дека и двете земји може многу да постигнеме од добрососедските односи”, изјави Петков.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Кастриот Реџепи: Своеволно се засолнив, јас сум на страната на правилниот пат на кој треба да се движи државата

„Јас сум мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да ја избереш својата земја и да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, патот на НАТО и ЕУ, и за да нема какви било сомнежи, трачеви, шпекулации, спинови. Јас, Кастриот Реџепи сојузник на своите сограѓани, и на Албанците и на Македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД во интерес на мојата земја РСМ и во интерес на сопствениот народ самоволно и одлучно се засолнив на денот денот на гласањето на доверба на владата со цел да не дозволам на бранот на локалните избори земјата да ни отиде во правец кој е спротивен од моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока која ни ја задале граѓаните. Секако не е лесно да имаш суштински разлики во ставовите со свите сопартијци но кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторлива шанса да ја започне својата нова европска приказна тогаш и срцето и умот ти велат, да Кастриот, некогаш мора да биде, некој мора да биде тој што ќе пресече во кориост на иднината овој пат, тоа си ти. Јас се надевам дека во деновите пред нас разумот ќе надвладее, верувам дека се можни мостови помеѓу нас различните од декомратскиот блок и јас ќе сум еден од тие мостови сметам дека за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на решавање на проблемите на нашиот народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ“, истакна Реџепи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг во Дебар, најмногу гласови добил Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ и коалцијата. 

За Дука гласале 4.284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4.148 или 48,11 отсто. 

ПРЕГОВОРИ Премиерот Зоран Заев за ТВ Алсат потврдил дека во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно дел од Владата.

ЕУ „Единствената алтернатива и за ЕУ и за Западниот Балкан е европската, односно споделената иднина. Проширувањето како процес опфаќа многу повеќе од самото поле на надворешната политика и длабоко ја засега сржта на европската внатрешна политика и интеграцијата на ЕУ и тоа мора да се сфати како лакмусов тест за капацитетот на ЕУ како глобален актер“, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешната панел дискусија во Бриж за „Иднината на Европа – перспективи и придонеси од Западниот Балкан

ИНТЕГРАЦИИ Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.

БУЏЕТ Наредната 2022 година ќе биде година на натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во Предлог-буџетот се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит. Сепак, во услови на сѐ уште присутни ризици од пандемијата од Ковид 19, клучна ќе биде и грижата за заштита на здравјето и животите на населението. Неизоставен дел е и редовната исплата на плати, пензии и социјални надоместоци и поддршката на економијата. Oва го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

ВМРО-ДПМНЕ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година. Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи буџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

СДСМ очекува конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот, рече на денешната прес-конференција пратеничката од оваа партија, Марија Георгиевска, по стартот на расправата за Предлог буџетот за 2022 година  од собраниската Комисија за финансирање и буџет.

РЕАКЦИЈА Блупринт групата за реформи во правосудството изразува сериозна загриженост за висината на казната изречена на обвинетиот Зоран Милески – Кичеец за стореното кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според информациите од Основното јавно обвинителство Гостивар постигната е спогодба со обвинетиот која била прифатена од страна на Основниот суд Гостивар. Со спогодбата, обвинетиот го признава стореното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 4 и став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик  и е осуден на ефективна казна затвор во траење од шест месеци.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ѓунер Исмаил, политичар, општественик, издавач, публицист, театарски рецензент, новинар, колумнист… Тој во интервјуто зборува за: Заслугите на актуелниот премиер Зоран Заев, парадоксите и контроверзите на локалните избори, чаршиските „Бранковисти“ и „Заевисти“, опозицијата и настојчивоста за предвемени парламентарни избори и за уште по нешто…

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кога политичарите поразот (или победата, сеедно) ќе го претворат во единствената смисла во занимавањето со политиката, тогаш и општеството се турка до самите рабови на својата издржливост, а конфронтацијата се претвора во хронична колективна психо-патологија. Речникот се претвора во навреди, пцовки и закани, противникот е омразен непријател кој треба да се елиминира, да се сотре, а не да се надигра. Глутниците кучиња се одврзани и пуштени од синџир по социјалните и другите медиумски мрежи. Разни пропалитети се надвикуваат за да привлечат внимание.

Тоа е состојбата на духот на нацијата што нам сега ни се случува. Во демократијата, прашањето за тоа каков губитник ќе бидеш е прашање на избор, а не на принуда. Истото важи и за победниците“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Победа „за гради“ не е големо достигнување“.

„И повторно некаде пред полноќ, се појави ербап матичарот. Мораше да ја дигне завесата со намера да соопшти дека претставата ќе се одложи на неодредено време додека не се најде друг сват кој може да се весели и со „посно“ мени. А режисерот? Тој и понатаму остана да седи во удобната кожна фотеља во темната соба и се прашуваше од каде сега испаднаа толку значајни овие нови европските принципи и вредности на сватот Реџепи. Кога ја режираше претходната претстава, на малкумина им значеа принципите и вредностите, посебно оние европските. За некои од актерите и статистите, кешот беше најважната мотивација. Ова сега не лични на ништо. Ахххх тие пусти принципи и вредности некако лесно мутираат и метастазираат“, пишува Јове Кекеновски во колумната „Се гледаме во понеделник на блага ракија“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ