Австрискиот канцелар Александар Шаленберг на прес-конференција објави дека целосниот карантин ќе започне в понеделник и ќе трае 10 дена, но доколку стапката на инфекција не почне да паѓа, ограничувањата може да бидат продолжени, но не повеќе од 20 дена. Ова доаѓа по состанокот со неколку гувернери на провинции, откако најновите податоци покажаа дека инфекцијата со ковид во Австрија во последните недели зазема се поголем замав, а стапката на инфекција по глава на жител во земјата е највисока досега годинава.
Од 1 февруари, вакцината против Ковид 19 станува задолжителна. Австрија е меќу земјите во ЕУ со најмала стапка на вакцинирани, само околу 64-66% од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот. Засега, се чини дека вакцинацијата ги намали смртните случаи.
Претходно, во Австрија на сила беше локдаун за неварцинираните.