ИДемонстранти запалија автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со предупредувачки истрели и водени топови за време на протестите синоќа во Ротердам против ограничувањата поради ковид-19, јави ДПА.
Поради немирите, возовите до и од пристанишниот град се суспендирани до понатамошно известување, а не се предвидени автобуси за замена за оние кои сакаат да патуваат.
Демонстрациите, свикани од неколку организации, беа против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија. Според мерката, само на вакцинирани и на оние кои прележале ковид-19 ќе им биде дозволено да присуствуваат на јавни настани, кафулиња и ресторани.
https://twitter.com/i/status/1461794811846045696
Извор: МИА