• Latest

ЦИВИЛ одбележува 22 години од основањето

November 26, 2021

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ одбележува 22 години од основањето

Тимот на ЦИВИЛ ќе ја одбележи и оваа годишнина скромно и работно, со инфо-штандови низ Скопје и во повеќе градови низ земјата, како и пред седиштето на организацијата на кои ќе се делат книги, беџови и печатени материјали за посетителите, веќе од почетокот на идната недела. Организацијата ги повикува своите соработнички и соработници, поддржувачи и членови, како и сите граѓанки и граѓани, да дадат свој прилог кон прославата со краток текст или селфи видео во кое ќе кажат неколку збора за ЦИВИЛ.

November 26, 2021 13:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 25 ноември 1999 година, една група македонски граѓанки и граѓани и една Македонка, американска граѓанка, ги удрија темелите на една од најпознатите организации на граѓанското општество во Република Северна Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода. Групата основачи беше составена од интелектуалци, уметници, новинари, еден бизнисмен и еден работник.

За дваесет и две години, организацијата спроведе повеќе од 100 проекти во повеќе критични области од општествено-политичките процеси во земјата. Беше пионер на процесот за мир и помирување во 2001 година, една од најпознатите организации која се бореше против нелегалното оружје, водеше големи национални кампањи посветени на мултикултурализмот, човековите права, слободата и демократијата. Популарноста на ЦИВИЛ далеку ги надминува границите на нашата земја и во моментов е една од најреспектабилните граѓански организации на Балканот.

Претседателот и еден од основачите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, им ја честита годишнината од основањето на организацијата на основачите, членовите на Собранието на ЦИВИЛ и на сите тела и организациски единици, на сите членови и поддржувачи.

„Секој 25-ти ноември е голем ден за нас. Тоа е потсетник за нашата посветеност, доследност и цврстина. Другарки и другари, ви посакувам уште многу успеси во работата и во граѓанскиот ангажман за јакнење на демократијата, владеењето на правото, европските и зелените вредности, мултикултурализмот, социјалната правда, мирот, безбедноста и човековите права и слободи во земјата и во светот. Благодарни сме за несебичната поддршка и огромната доверба која ни ја подаруваат граѓанките и граѓаните. Во името на ЦИВИЛ и во свое име, им благодарам и на сите донатори во текот на овие 22 години. Нивната помош е драгоцен придонес кон нашите заложби за подобро утре на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на целиот свет“ – напиша Дерала во својата порака.

Тимот на ЦИВИЛ ќе ја одбележи и оваа годишнина скромно и работно, со инфо-штандови низ Скопје и во повеќе градови низ земјата, како и пред седиштето на организацијата на кои ќе се делат книги, беџови и печатени материјали за посетителите, веќе од почетокот на идната недела. Организацијата ги повикува своите соработнички и соработници, поддржувачи и членови, како и сите граѓанки и граѓани, да дадат свој прилог кон одбележувањето со испраќање краток текст или селфи видео во кое ќе споделат порака, мислење, оценка или анегдота поврзана со ЦИВИЛ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ