• Latest

Потпишана декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан

November 26, 2021

(ИЗБОР) Албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври

August 15, 2025
Фотографија: ДКСК

ДКСК ја избра Цвета Ристовска за заменик претседателка

August 15, 2025

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

August 15, 2025

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, постапката за селекција и избор продолжува по завршување на локалните избори

August 15, 2025

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Стејт департментот нотира сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари во Северна Македонија

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Потпишана декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан

November 26, 2021 14:50
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Собранието на РСМ се одржа регионалната конференција на тема ,,Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” која беше во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на оваа Регионална конференција е да се унапреди дијалогот помеѓу пратениците од националните парламенти и здруженијата на новинари во земјите од Западен Балкан во насока на подобрување на состојбата на слободата на изразување како основно човеково право и зајакнување на улогата на граѓанските организации.

На оваа конференција, претставниците на четирите парламенти и новинарските здруженија од Западен Балкан потпишаа заедничка Декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан и се договорија секоја година да организираат регионална конференција во една од земјите во регионот.

Во своето обраќање претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски кажа: „Без предуслови за слободна политичка арена вие пратениците не можете да им служите на граѓаните кои ве избрале. Без предуслови за безбедна работа на новинарите, ние новинарите не можеме достоинствено да им служиме на граѓаните во насока на правовремено и непристрасно известување. Затоа сме денес заедно, вие да ја почувствувате вистинската одговорност во вашите пратенички клупи, а ние можеби да ја слушнеме и другата страна на приказната. Знам дека не сме безгрешни. Новинарството живее во ера која се обидува да биде дел од пропагандни и лажни наративи, но ние професионалците имаме обврска да ги посочиме со прст оние што прават проблеми во нашите редови.“

Претседателот на Собранието на Р. Северна Македонија, Талат Џафери изјави дека му е чест што е дел од една ваква конференција чија цел е подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите. Kажа дека медиумите се од голема важност за секоја земја, но и се присутни во секој агол од светот. Секој закон ги покажува слабостите преку имплементација во општеството, а токму законите се тие кои ја носат безбедноста на новинарите , што е пак од есенцијална важност за секоја држава.

„Мора да продолжиме да работиме на нееднаквиот третман на новинарите за да нема напади и закани. Има уште многу да се направи, но оваа конференција е добар почеток, а потпишувањето на заедничката декларација е продлабочување на оваа соработка.“

Покрај претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, на настанот учествуваа: претседателот на Собранието на Р. Црна Гора, Г-н Алекса Бeчиќ, потпретседателот на Собранието на Р.Србија, Радован Тврдишиќ и Претставник на Собранието на БиХ – Лазар Продановиќ.

Пред присутните се обрати и претседателот на црногорското собрание Алекса Бечиќ кој ја поздрави иницијативата за соработката меѓу новинарите и парламентарците и нагласи дека голема е одговорноста на новинарите при пласирање на информациите, што носи пак сличности со пратениците кои исто така имаат одговорност пред граѓаните кои ги избрале. Со оваа конференција се поставуваат нови стандарди за дијалогот меѓу новинарите и парламентарците, рече Бечиќ.

Веднаш по него, се обратија Радован Тврдишиќ, и Лазар Продановиќ  кои исто така ја истакнаа важноста од соработката помеѓу двете страни која ќе служи како поддршка за европска перспектива на земјите од Западен Балкан и изразија надеж дека ќе премине во добра пракса за идна регионална соработка.

Збор земаа и претставниците на новинарските здруженија од Западен Балкан: Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, Радомир Крачковиќ, потпретседател на Синдикатот на новинари на Црна Гора, Жељко Бодрожиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија и Борка Рудиќ, генерален секретар Здружението на новинари од БиХ. Во работниот дел свое обраќање имаа Бојан Василевски, заменик генерален секретар на Собранието на РСМ, Драган Бојовиќ, претставник на Собрание на Р. Црна Гора и Златко Вукмировиќ, шеф на службата за информации на Парламентарното собрание на Р. Босна и Херцеговина.

Конференцијата е организирана во рамките на регионалниот проект „Подобрување на дијалогот меѓу новинарските здруженија и парламентите во Западен Балкан за посилен граѓански сектор“, финансиран од СИДА, во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество“ имплементиран од BCSDN.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ