„Од 2017-та наваму, нашите релации со соседна Бугарија, требаше да кулминираат во искрено пријателство и во подршка од страна на Бугарија како членка на НАТО и на ЕУ. За жал, по блокадата, по ветото од минатиот ноември, влеговме во една фаза во која наместо да градиме пријателство, сведоци сме на исклучително нарушени билатереални односи. Ситуација која налага потреба да се преиспитаат сите наши чекори што ги правевме од потпишувањето на Договорот за пријателство до денес и да согледаме има ли грешка кај нас. Да видиме која беше причината периодот кој требаше да значи завршување на стагнацијата на односите меѓу двете држави, да се претвори воо некаква спротивност“, вели Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер, Владо Бучковски, за ЦИВИЛ Медиа.
Во видео интервјуто што „Цивил медиа.мк“ интегрално ќе го објави утре, Бучковски уште додава дека договорот меѓу Бугарија и Македонија од 2017-та година требаше да биде заокружување на договорот од 2009-та година со затворање на двете отворени прашања: инсистирањето од бугарска страна околу темата заедничка историја и нашето инсистирање за посебноста на двата народа.