• Latest

Тодоровска: ЦИВИЛ прв и единствен не заборава да каже „граѓанки и граѓани, другарки и другари“

November 28, 2021
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Тодоровска: ЦИВИЛ прв и единствен не заборава да каже „граѓанки и граѓани, другарки и другари“

November 28, 2021 15:07
in ИЗЈАВИ, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Активистката Савка Тодоровска, една од ветеранките од граѓанскиот сектор, на Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, (на 29 ноември, 2019, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ), говореше за улогата на жените во граѓанскиот сектор, положбата на женските организации во македонското општество и соработката со организацијата.

„Сите зборуваат за 20 години, а јас можам да зборувам за речиси 30 години. Толку колку што нашата држава постои самостојно. И со првото организирање на граѓанските организации не знаејќи точно што всушност треба да правиме, ама ја организиравме локалната женска организација за да биде модел за другите локални низ нашата држава и веќе во 1994 година да направиме прва мрежа.

За мене навистина предизвик е зошто нема донации на женското движење. Мене ми е јасно, но не знам дали им е јасно на останатите, затоа што имаме најголеми резултати. Ние само од 4 жени во Парламентот дојдовме до бројка од 45. Од буквата н во насилство, ние имаме закони, ратификувана конвенција, закон за семејно насилство, бесплатна правна помош…

Или ќе бидеш активист и ќе бидеш познат и препознатлив по тоа, па нема да добиваш пари и ќе си продолжиш со активизмот. Едноставно, нас тоа не ни е пречка. Но, затоа од нашите простори до сега се излезени 150 жени коишто имаат високи позиции и даваат придонес и во граѓанскиот сектор, даваат придонес и во Владата, и во министерствата, и насекаде затоа што навистина се изградиле и имало каде и зошто.

ЦИВИЛ прв и единствен не заборава да каже „граѓанки и граѓани, другарки и другари“. Стереотипите во Македонија со поставувањето на cross cutting… Не знам дали е тоа граѓански. 50 % се жените во државата. Живееме во еден реален свет. Ја сфаќаме суштината, ја знаеме и така се поставуваме. И затоа од една организација во 1991 година денеска имаме 201. И секаде учествуваме со сите активности, затоа што сметаме дека тоа е наша должност.

Ние не велиме родова рамноправност затоа што организацијата после членството во Светскиот совет на жени ние станавме Национален совет од Сојуз на организации на жени во Македонија. Не затоа што жените не ги поддржуваме, туку затоа што се уште им е потребна поддршка поради стереотипите. Се уште некои жени не сакаат и не знаат, особено од руралните средини, а можат многу.

Сигурна сум дека го знаете податокот дека со повеќе од 10% се жени со високо образование од машката популација. Тоа значи дека ние имаме капацитет. Ги имаме во Парламентот се уште не доволно 50:50, ама затоа ги немаме во структурите на владеењето и на власта. Ние не викаме дека сите мора, ама тие што сакаат и можат, тие што умеат, тие што покажуваат капацитети. За сите кризи во државава не сакам ниту да говорам. Нема криза која не поминала преку нас. Нема криза каде што не сме биле директни учесници или водачи на справувањето со таа криза. На хуманитарната помош, на сите активности. Тоа се жените на нашата држава. И кога мене во една прилика се сретнав, по осамостојувањето, со една активистка од Хрватска и ме праша дали имаме проекти, јас се засрамив. Јас доаѓав од рудници и железарница, јас знаев за проекти за патишта, за фабрика, за железница. Јас едноставно премолчев како да не ја слушнав.

Тоа значи дека ние се градевме, низ нашето работење и низ нашето активно учество. Затоа им честитам на Џабир и на ЦИВИЛ, и посебно на него затоа што организацијата е сигурно тоа што е тој. Затоа што тој никогаш не заборава дека жените се еднакви чинители во нашето општество.

Ќе продолжиме да бидеме такви, без оглед на нашите години. Се додека знаат и сакаат активистките да бидат на терен, да работат, да знаат зошто тоа го прават. Без нашиот активизам нема граѓански сектор. Елитистичка може да биде само власта, владата, може да биде бизнис секторот, но активизмот без активистки и активисти коишто можат тоа да го спроведат на терен нема да постои. Мислам дека нашата организација се уште постои како таква и ние стоиме на располагање на секој којшто сака и може, немало со кого не сме се вклучиле.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ