• Latest

За протестите против вакцинацијата во Виена и Париз во 2021 година – фотографија од 1991 година!

November 28, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

За протестите против вакцинацијата во Виена и Париз во 2021 година – фотографија од 1991 година!

November 28, 2021 18:18
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ден по протестот против вакцинацијата и ковид-мерките во Виена на 20 ноември, на социјалните мрежи и по портали во повеќе европски земји беше објавена и споделувана фотографија, за која се тврдеше дека е од протестот.

Оваа фотографија на 21 ноември осамна и на Фејсбук страницата на порталот на албански јазик монитор.мк, и за само 2 часа предизвика над 1900 реакции и над 100 споделувања. Но, по повеќе укажувања во коментарите од публиката дека фотографијата не е од протестот од Виена, содржината беше избришана од Фејсбук страницата на монитор.мк.

Всушност, не се работи за протест во Виена во 2021-ва, туку за собир во Москва пред 30 години, во март 1991 година.

Оригиналната фотографија, на која се гледа плоштадот Манеж, е снимена од Доминик Молард, фотограф на Асошиетед прес. Овој протест во 1991 собра околу 500.000 луѓе кои повикаа на оставка на советскиот претседател Горбачов. До крајот на годината, Советскиот Сојуз беше распуштен“, пишува Ројтерс во содржината со наслов „Проверка на фатки – фотографијата покажува илјадници луѓе на протест во Москва 1991, а не Виена во 2021“.

Но ова не е првпат оваа фотографија да биде искористена на ваков начин. Истата фотографија од Москва од 1991-ва, послужи за дезинформирање за протестите во Париз на 31 јули годинава.

И тие дезинформации беа разобличени од белгиски фактчекери од Кнак.бе, кои направиле ретроактивно пребарување преку Tineye, Google Images и Yandex. Од резултатите на Google, заклучиле дека фотографијата почнала да кружи на Твитер на 31 јули, но дека претходно може да се најде и во напис на француската веб-страница AgoraVox, објавен на 26 јули, неколку дена пред протестот. AgoraVox започна како веб-страница за граѓанско новинарство, но според францускиот неделник L’Obs, во последниве години станала платформа за теории на заговор,  велат белгиските проверувачи на факти.

Широка е палетата на дезинформациите за пандемијата: Од неверојатни вести за прскање со вакцини од небото, чипови, па се до вакви манипулации со фотографии, кои делуваат безопасно, но се намерно смислени и имаат цел да ја убедат публиката дека противниците на вакцините се многу и, дека се во право.

Едно е сигурно, содржините кои се однесуваат на пандемијата, вакцините и мерките се претворени во поле на битка на табори. Бидејќи медиумите и јавноста се поларизирана и под влијание на разни политички и економски интереси, публиката треба да го зголеми многукратно вниманието, да добро да проверува, пред да поверува.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ