• Latest
Добро утро со Орданоски

За Бугарија, по стоти пат: врзете ги појасите!

December 2, 2021

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За Бугарија, по стоти пат: врзете ги појасите!

Кај меѓународните односи има еден добро познат принцип: еден е „маневарскиот простор“ кога се заканувате со вето, но кога ќе го спроведете, поголем дел до тежината за објаснувања и „правдања“ паѓа врз тој што ветото го употребил... Освен ако, евентуално, баш не сте постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Последен пат кога проверував, Бугарија не е

December 2, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Не беше тешко да се предвиди дека стратегијата на Софија за блокирање на евро-интегративниот пат на Македонија ќе предизвика (најмалку) две крупни последици за самата Бугарија.

Едната е тоа што европската иднина на Македонија е темелно блокирана, со дополнителна компликација што тоа го носи за вториот дел од „тандемот“, Албанија. Навистина, геополитичката, економската и општествената штета од однесувањето на Бугарија е огромна пред сѐ за нас и за Албанците, но ваквата груба бугарска интервенција во евро-американската стратегија за Балканот ја става Софија во позиција да биде централен проблем, а не дел од решението за таа стратегија. И тоа проблем кој сите го третираат како ирационален и непринципиелен, чии регионални безбедносни последици само уште повисоко ќе го зголемуваат притисокот врз Бугарија до точка до која ќе видиме до каде е подготвен нашиот источен сосед да ја доведува и својата регионална позиција во прашање.

За тоа е свесна и Софија, иако до сега успешно го одржува својот „национален консензус“ за своето „антиевропско“ однесување. Тие последици не мора да се веднаш видливи или да се читаат по медиуми. Но, (ќе) ги има. А, не е Бугарија водечкиот фактор на Балканот – напротив, со ваквото однесување уште повеќе си штети на својата регионална „факторизација“ – ниту, пак, е клучен играч во какви било континентални или глобални движења, доколку се посматраат од аспект на сојузничките интереси во политичките и воените алијанси на кои (денеска) им припаѓа. Ова не мора ни дополнително да се аргументира.

Втората последица за самата Бугарија, би се рекло, е уште понезгодна, дури и ако се земе предвид само основата на нивниот антимакедонски „национален консензус“. Имено, прашањето за македонското малцинство во границите на тој наш сосед, дури и со јасно декларираната позиција на Македонија дека во тоа „внатрешно прашање“ на Бугарија не мисли државно да се меша. Бидејќи, на официјално Скопје не му е тешко тоа да го изјави и постојано (писмено и усмено) да го повторува, токму затоа што за прашањата од тој вид важат добро дефинирани и изградени меѓународни стандарди и практики.

За непочитувањето на тие меѓународни стандарди Бугарија е редовно прозивана од Европскиот парламент, од Европскиот Суд за човекови права (со дури 16 конкретни пресуди кои се спротивни на бугарската политика во оваа сфера), од релевантните извештаи на американската администрација и од влијателни меѓународни невладини организации. Ирационалноста, газењето врз правната држава и негирањето на меѓународните обврски од страна на Бугарија е добро аргументирана. Со сегашната евро-блокада за Македонија (и Албанија) тоа непријатно досие за Софија само расте и се „здебелува“, од што никој разумен не може да види ништо добро за Бугарија, а и за нејзините граѓани со слободно изразени македонски чувства.

За тоа, просто, нема (меѓународна) одбрана. Односно, има: тоа е ова што сега го прави Софија, водена од долгата и трауматична историја со „македонското прашање“ и сите ирационални стравови, фрустрации и реални историски порази произлезени од него, за што наидува на општа осуда. И тоа е, повторно, нивно внатрешно прашање, но под буден меѓународен мониторинг.

Во таков контекст, НИШТО не ѝ помага на Бугарија што забрзано настојува да ја проблематизира позицијата на македонските граѓани со бугарски чувства во Македонија – со тоа кај нас чука „на отворена врата“ (без разлика на хистериите по социјалните мрежи и овде и таму, а во Македонија за тие теми треба сериозно да се разговара), на истата „врата“ што кај себе ја држи не заклучена, туку сосема забарикадирана со домашниот историско-политички „мебел“. Такви двојни стандарди одамна меѓународно не поминуваат, дури и ако се спроведуваат со употреба на сила, со вето.

Но, кај меѓународните односи има еден добро познат принцип: еден е „маневарскиот простор“ кога се заканувате со вето, но кога ќе го спроведете, поголем дел од тежината за објаснувања и „правдања“ паѓа врз тој што ветото го употребил… Освен ако, евентуално, баш не сте постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Последен пат кога проверував, Бугарија не е.

Всушност, Договорот за добрососедство со Бугарија и беше мудро наменет да ги „пресретне“ проблемите меѓу Скопје и Софија од овој вид. Секако, не постојат идеални билатерални и мултилатерални договори, прашање е само на политичката одговорност и волја на потписниците каде сакаат да ја видат иднината на взаемните односи. Бугарите заглавија во минатото, каде што нѐ држат и нас и Албанците како нивни заложници. Порано или подоцна, проблемот ќе мора да се решава со некакво деескалирање од бугарска страна, а колку подоцна, толку полошо за нас, но и за нив.

Другото се познатите дрдорења за националната чест, за патриотизмот, за националните идентитети, за „црвените линии“ и слични „стратегиски“ тресења на „сламата“ со кои популистите ги држат под контрола „егата“ на сопствените нации. Фаза во која сега, повторно, се наоѓаме, по заслуга на Софија.

И нема да ќе ова, скоро, да заврши на арно. Врзете ги појасите…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ