• Latest

„Кратки нозе“: Автобусот на Беса Транс не бил стар 3 години, изјавата на Сарафов „насанка“ многу медиуми

December 1, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Кратки нозе“: Автобусот на Беса Транс не бил стар 3 години, изјавата на Сарафов „насанка“ многу медиуми

December 1, 2021 22:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од неточните информации за трагедијата на автопатот во Бугарија беа поврзани со староста на автобусот кој изгоре во несреќата. Во јавноста се појавија информации дека автобусот бил стар само 3 години. Овој пат, извор на неточната информација беше изјава на бугарски истражител, која предизвика лавина невистинити објави.

На прес конференција на местото на несреќата на 23 ноември, обвинителката Вилма Рускоска, во присуство на Борислав Сарафов, директор на Националната истражна служба, тело на бугарското обвинителство, доби новинарско прашање за староста на автобусите.

Но, за разлика од резервите што ги искажа Рускоска, тврдењето на Сарафов дека според првичните информации автобусот бил стар 3 години, во прилогот на агенцијата МИА, не му беше атрибуирано на изворот, туку беше ставено во ист параграф каде се зборуваше за изјава на „шефицата на ОЈО Вилма Рускоска“

„Компанијата досега немала сообраќајни незгоди, но како што изјави шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов и во функција е само три години.“, се вели во извештајот на МИА.

Оваа непроверена информација од Сарафов пренесена од МИА, беше потоа преземена од повеќе македонски медиуми заедно со нечленуваниот збор „автобус“, како и од бугарски медиуми, а предизвика и појава на теории на заговор како во мега-популарното видео на порталот Хасковонет Себахтин Исмаил за трагедията на АМ “Струма“ : Възможно е да става въпрос за тероризъм.

Видеото од 24 ноември 2021 има над 1.4 милиони прегледи за 5 дена, а се надоврзува на погрешната информација дека автобусот бил произведен 2018 година, и имал софистицирана заштита од пожар. Таквата дезинформација беше демантирана од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој на 26 ноември на прес конференција изјави:

„И уште една корисна информација, која ја интересираше јавноста, возилото е произведено во 2007 година.“

Во случајов, новинарите наседнаа на неточна и неатрибуирана информација изнесена во изјава на официјално лице.

Најдобар начин новинарите да се заштитат и себеси и јавноста од вакви официјални но погрешни информации, е да ги проверуваат информациите без оглед на изворот, а доколку тоа не е можно, да ги атрибуираат прецизно, што ја лоцира и одговорноста за изнесеното пред јавноста.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ