– Чувањето тајна е многу тешко. Потребна е огромна сила, волја и одлучност некому да не му го кажете она што сте го слушнале…
Одавањето тајна може да ве повреди и вас и вашите драги луѓе.
Постојат многу причини за чување на тајната… Некому сте му ветиле и тоа мора да го исполните, и тоа по секоја цена…
Но, има такви работи, убави и големи, кои кога ќе ги слушнете ниту можете, а ниту смеете да ги премолчите, да ги сокриете.
Едноставно, морате да ги споделите со роднините, другарите, колегите, пријателите.
Вчера, и официјално, ме информираа од Министерството за култура, а денес јас вам ви кажувам…
Добитник сум на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“.
Оваа награда е признание за мојата работа, но и обврска да продолжам по вистинскиот пат уште подобро и уште помоќно…
А, ќе продолжам… Ви ветувам…