• Latest
Фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY

Е-општество.мк: Расте бројот на објавени дезинформации во некои медиуми

December 3, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Е-општество.мк: Расте бројот на објавени дезинформации во некои медиуми

December 3, 2021 19:39
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY

Фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY

Share on FacebookShare on Twitter

Покрај механизмите за препознавање на лажните вести и дезинформациите, тема на разговор на денешната сесија „Правни аспекти и саморегулација во борбата против дезинформациите“ во склоп на 17-то издание на конференцијата е-Општество.мк беше и известувањето на медиумите и ширењето на дезинформации на социјалните мрежи.

Катерина Синадиновска, претседателка на управниот одбор на Советот за етика (СЕММ), посочи дека соработката на СЕММ со медиумите кои се членки е значително подобрена и медиумите сè повеќе учествуваат во процесии на медијација. Сепак, за да укажат на проблеми во работата на медиумите кои не се членки, СЕММ објавува мислења. „Од сите претставки што ги добиваме најмногу се прекршува членот еден од кодексот за новинари кој налага да се објавуваат проверени и точни информации. Од вкупниот број на преставки 70 проценти се за членот еден, и загрижувачки е што е во пораст. Со тоа се прави штета, затоа што ако потоа се објави дека е дезинформација штетата е веќе направена“, нагласи Синадиновска.

Таа додаде и дека непочитувањето на Членовите 7 и 8 кои се прекршуваа во изминативе денови кога се случи трагедијата со автобусот во кој загинаа 45 лица, се исто така пораз за македонското новинарство. Тие членови налагаат да се известува без сензационализам, да не се открива идентитетот, да се почитува личната болка и жалост како и да се известува за сите инволвирани страни без да се сугерира пресуда.

Синадиновска истакна дека секој јавен сервис е должен да ја едуцира јавноста и да произведува своја квалитетна содржина наспроти емитуваната купена програма од други медиски куќи, а за тоа е потребен и доволен буџет.

Извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Секуловски нагласи дека Македонската радио-телевизија како јавен сервис платен од граѓаните би требало да ја има улогата на главен сервис за проверка на фактите. Но, тој рече дека е загрижувачки што МРТ оваа година има за половина помал буџет во споредба со минатите години.

За да се подобри медиумската слика, според Секуловски, новинарите треба да се придржуваат на етичките стандарди, политичарите исто така треба да внимаваат бидејќи често тие во јавноста изнесуваат лаги и дезинформации што претставува политичка некултура. „Етичкиот кодекс не е само за новинари туку за сите граѓани“, потенцираше Секуловски.

Уредничката на Порталб.мк, Елида Зулбеари истакна дека од новинарски аспект е дискриминаторски феноменот на создавање нови медиуми во период на предизборие кога треба да се поделат државни пари, а при преглед на истите се покажува дека многу од нив немаат ниту адреса ниту импресум, но се регистрирани еден месец пред почеток на кампањата со што ги исполнуваат условите за да добијат пари. Зулбеари потенцираше дека токму такви медиуми шират дезинформации и го нарушуваат професионалното известување само за да остварат профит или да шират црна кампања и дезинформации со што придонесуваат во недоверба на јавноста во новинарството.

Говорниците се осврнаа и на потребата Стопанската комора да им препорача на компаниите да се рекламираат во медиуми кои се на позитивна листа на професионални медиуми од каде може да се следи нивната работа и со тоа да покажат општествена одговорност. На тој начин компаниите ќе можат полесно да ги дискредитираат непрофесионалните медиуми.

Уредникот на Новинската агенција Мета.мк, Горан Ризаов за време на дискусијата ја потсети јавноста дека иако новинарите и сите вработени во фондацијата Метаморфозис веќе една година се мета на онлајн закани и црна кампања, надлежните институции сè уште немаат преземено ништо во врска со говорот на омраза и заканите за физичко насилство.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ