За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, објави на неговата официјална Фејсбук страница министерот за здравство, Венко Филипче.
„На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот“, истакнува Филипче во објавата.
Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Според министерот Филипче, со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да чекаат.
Ц.Д