• Latest

Слепите лица чиј мајчин јазик е албанскиот, добија Аудиочитач на албанси јазик „Хана“

December 6, 2021

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Слепите лица чиј мајчин јазик е албанскиот, добија Аудиочитач на албанси јазик „Хана“

December 6, 2021 14:05
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По промовирањето на Аудиочитачот на македонски јазик – Кико, слепите лица и лицата со оштетен вид, чиј мајчин јазик е албанскиот, ја добија и албанската верзија – Хана. И оваа апликација на албански јазик, налик на македонската, ќе овозможи пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. За првпат, лицата со оштетен вид кои говорат албански јазик добија аудиочитач на мајчин јазик, „Хана“ ќе биде достапна за околу 5000 слепи лица од регионот. „Хана “ ќе може да ја користат околу 5000 слепи лица од регионот со мајчин албански јазик, но секако таа бројка е поголема ако се зема предвид и албанската дијаспора низ светот, соопштија од кабинетот на Првиот Заменик на Претседателот на Владата, Артан Груби.

 Апликацијата која на слепите лица и лицата со оштетен вид  им овозможува пишаниот текст да го чујат во гласовна форма е достапна и на албански јазик „Хана“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

Промоција на Аудиочитачот на албански јазик „Хана“

– Слепите лица и лицата со оштетен вид добиваат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна и десктоп-верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас на мајчин јазик. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас, кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната презентација на апикацијата министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Овие лица, рече Шахпаска, имаат право за непречена комуникација слободно изразување и слободен пристап до се што ги опкружува, а оваа апликација го овозможува токму тоа – непречна комуникација, непречено движење целосно вклучување во општеството, како и зголемување на квалитетот на живот на слепите лица и на лицата со оштетен вид.

-Верувам во концептот едно општество за сите. Убавината на општествениот мозаик ја прават различностите. Лицата со попреченост се наши роднини пријатели, наши соседи. Кога ние носиме и креираме политики како Влада го имаме тоа предвид. При подготовката на оваа апликација тргнавме од мотото на овие лица „Ништо за нас без нас“. Оттука идејата што ја имавме во МТСП за креирање една апликација ваква ја работеме заедно со Националниот сојуз на селепи, рече Шахпаска.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби истакна дека за да се реализира концептот едно општество за сите, тоа прво треба да биде едакво.

-Сите треба да имаат еднаков пристап до вработување, образование и заштита од секаков вид дискриминација. Владата има во стратегијата јасни цели како да се подобри квалитетот на живот на лицата со попречености. Секако во рамки на конвенцијата на ОН за право на лицата со попреченост чиј потписик е и земјава има стратешка цел да се подобрат условите и да се вклучат сите лица со попречености во општествениот живот, рече Груби.

Според него, оваа апликација ќе им помогне на илјадници лица не само РС Македонија, Косово и Албанија, туку и пошироко таму каде може да се користи албанскиот јазик.

-Можноста за еднаков пристап на сите во градењето на едно заедничко општество и еднакво општество е витално. Ние нема да сопреме тука за да ги надминеме сите бариери и да овозможиме еднаков пристап и во здравството и во културниот и социјалниот живот, во образовниот процес и вработувањето, рече вицепремиерот.

Според Сања Бојаниќ, заменичка постојана претставничка на УНДП во земјава, потребни се стратешка рамка и системски политики за олеснување на животот на лицата со попреченост, но вели, тоа треба да резултира и со практични решенија како што е апликацијата.

– Нешто што сметам дека е исклучително важно е што работиме со МТСП да не се работи за лицата со попреченост, туку тие да се зајакнат за самите да се грижат за себе си. Ова е промена во пристапот и во логиката на нештата, при што работиме со нашите парнери со цел лицата со попреченост активно да се вклучат во општеството и тие да можат да бидат даватели,  а не само да чекаат нешто да им биде дадено, рече таа додавајќи дека ова е многу важна промена што мора да се случи во општсетсвото и оперативно во однос на ставот на институциите, но и во нашите умови како граѓани и однесување и ставови кон лицата со попреченост.

Апликацијата на македонски јазик „Кико“ беше промовирана во јули годинава. Досега ја користеле 3000 македонски граѓани. Апликацијата на албански јазик се очекува да ја користат околу 5000 лица во земјава, во Косово и во Албанија. На промоцијата на апликацијата присуствуваше и Денада Сефери, заменичка министерка за здравство и социјална заштита на Република Албанија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ