• Latest

(Во живо) Панел дискусија на ЦИВИЛ: Рендгенска снимка на Пописот

December 9, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

(Во живо) Панел дискусија на ЦИВИЛ: Рендгенска снимка на Пописот

December 9, 2021 11:29
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Многу сум благодарен на ЦИВИЛ што ни бевте ветер во грб и ни дадовте целосна поддршка за одржување и спроведување на пописот, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на јавениот настан на ЦИВИЛ „Рендгенска снимка на Пописот“.

„Пописот што требаше да се одржи во април се одложи поради закажаните предвремени избори и поради пандемијата. Само 8 попишувачи се заразиле, и само еден државен инструктор се заболе во домашни услови. Имавме 5.000 попишувачи и ги следевме протоколите. Пандемијата за жал се уште трае, и тврдам дека пандемијата можеше да се одржи и во април без да се одложи.

Имавме голем политички притисок во операцијата Попис. Имавме отворена кампања од една политичка кампања за бојкотирање на пописот, но имаше и затворени кампањи против пописот.

Имавме хакерски напади и ни ја кочеја работата, но не успеале да влезат во базата на податоци, беа максимално заштитени.

Вебсајтот ни беше постојано под напад, мејловите ни беа блокирани, хакирани, па баравме други скриени патишта методи за да комуницираме со јавноста.

Попишувачите беа кај сите граѓани, дури поставивме и пунктови за секој кој не бил попишан дома да може да си го оствари своето право да се попише“, истакна Симовски.

Статистиката е алатка за бизнис секторот за правење планови во економскиот дел. Не смееме во иднина да дозволиме да немаме попис толку долго време бидејќи многу губиме како бизнис сектор, вели потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова.

Таа додава дека без попис бизнис секторот нема да знае каде да вложува, со кој квалификуван кадар се соочува државата.

„ДЗС треба да биде меродавна и вистинска база и да има вредност, точност и тежина. И тие податоци да ни служат за планирање. Ние повикуваме да има базично поврзување меѓу институциите.

Пописот е битна алатка и патоказ за понатаму. Како економисти ќе ги чекаме резултатите од пописот за да не правиме грешки понатаму“, додаде Кулебанова.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека како невладина организација не може да се аплицира за некој проект ако немаме конкретни бројки.

„Со конкретни бројки добиени од пописот, ќе може да знаеме што да очекуваме од теренот, или на која публика се обраќаме.

На моите колеги од странство тешко им беше да сфатат дека пописот во нашата држава не е само статистичка операција, туку има и политичка позадина. Дел од политичките партии јавно и тајно го попречуваа пописот, за да ја разнишат довербата на институциите. Нападот на статистичкиот процес е всушност да се разнишува довербата во институциите, безбедноста на државата како и меѓуетничката толеранција и соживот.

Ваквите разобличувања на оние кои пробаа да го оспорат и попречат пописот, ќе наиде на оркестриран говор на омраза на социјалните мрежи токму од тие структури кои го бојкотираа пописот“, нагласи Дерала.

Тахири истакна дека водење на позитивна кампања и едукација на граѓаните за придобивките од пописот беше неизбежно бидејќи пописот беше нападнат со многу дезинформации и бојкот.

Симовски истакна дека сака бизнис секторот да биде нивниот главен корисник.

„Може да бидете најдобриот готвач на светот, но ако немате продукти не може да направите добро и вкусно јадење. Исто и во бизнис секторот може да биде некој многу успешен, но ако нема податоци не може да функционира.

За жал нашата земја не произведува статистичари во текот на образованието. Користењето на точни податоци е ланец за успешни политики во сите сектори. Замислете да градите училиште таму каде што нема деца, и обратно, тоа се за џабе фрлени пари. Затоа се битни податоците.

Ние постоиме заради другите, а не другите заради нас. Ние мораме да бидеме отворени и транспарентни. Ви благодарам на ЦИВИЛ за поддршката и како медиум и како невладина која постојано објавувате точни информации за пописот“, нагласи Симовски.

Дерала нагласи дека од ова статистичка операција треба да се извлечат заклучоци дека општеството и државата мора да бидат поотпорни на дезинформациите и хакерските напади. Информациите треба да бидат вистинити и веродостојни и институциите да бидат поотпорни на политички влијанија и притисоци.

Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое одговораа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Габриела Кулебанова и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Настанот го модерираше Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ЦИВИЛ го спроведува со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy).

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ