• Latest

Зона на слободата на изразувањето

June 2, 2016
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Зона на слободата на изразувањето

June 2, 2016 13:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Она што го обележува медиумскиот простор во Македонија е насилството, цензурата, етикетирањето, говорот на омраза, медиумски мрак под превезот на притисоцитe на власта, партизацијата на државата и новинари кои ја предадоа својата професија, во обид на манипулирање на јавната свест која треба да биде пасивна и послушна, како и искривување на вистината”, вака Биљана Јордановска од ЦИВИЛ – Центар за слобода, го отвори мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“, што се одржа синоќа кај споменикот на Мајка Тереза.

Настанот беше посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот.

13323263_977265582391911_2450613325410514117_o

 

На настанот се обратија шестмина професионални новинари, граѓански новинари и активисти. Томислав Кежаровски на македонски јазик, Дехран Муратов на ромски, Ермин Климента на босански, Арбана Ќерими на албански, Хадис Сулејман на турски и Синиша Станковиќ на српски јазик, односно секој на својот мајчин јазик, отсликувајќи ја Македонија како земја на различни етнички заедници, и сите заедно проговорија за медиумскиот простор во земјава, за човековото право на слободно изразување, за потребата да се каже својот став , за недостатокот на објективно известување и за извртената реалност која секојдневно се пласира во медиумскиот простор.

13340247_977264922391977_8036203901702108018_o

Со поетски перформанс и стихови за слободата се претставија поетите: Александра Спасеска, Марија Џонс, Коста Карев,  и Џабир Дерала.

Исто така, настанот беше збогатен со видео проекции на прилозите на граѓанските новинарки и новинари, кои беа дел од натпреварот „Биди граѓански новинар“. Присутните имаа можност да ги проследат „Се кине каде што е најтенко“, „Оти нема ЦИВИЛ во Америка“, „Шарена револуција“ и видео подготвено до тимот на ЦИВИЛ кое се однесува на протестите кои во изминатиов период се одржуваат секојдневно низ улиците на Скопје, Битола, Велес, Струмица…

DSC_1085

Музичарите од „Амон Мра Бенд“ го збогатија настанот и ги забавуваа стотиците скопјани, кои и покрај врнежливото време, уживаа во неколкучасовната програма подготвена од тимот на ЦИВИЛ за сите граѓанки и граѓани кои тежнеат кон слободата.

13329378_977264112392058_1942238213980948131_o

Мултимедијалниот настан е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ја отвора можноста за јакнење на граѓанското новинарство во Република Македонија во време на информативниот мрак, давајќи им можност со својот придонес граѓанските новинар(к)и да влезат во историјата на објектовното известување, удирајќи им шлаканица на националните медиумски сервиси. Настани за слободата на изразувањето се одржаа и во Тетово, Битола и Струмица.

Проектот  е финансиран од National Endowment for Democracy.

Tags: Граѓански објективМакедонијановинарипоезијаслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ