• Latest
Добро утро со Орданоски

Времето работи за Бугарија

December 17, 2021
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Времето работи за Бугарија

Сегашната логика на Софија кон Скопје е најстарата геополитичка рамка со која се пристапува во решавањето на бројните балкански историски спорови (особено кога е Македонија во прашање): не правиш ништо за унапредување на односите кога не мораш, а кога се чини дека мораш, купуваш време за да го одложиш акутниот притисок. Не е ни важно што сето тоа може да биде во корист и на сопствената штета, доколку штетата кај другиот е поголема од твојата. Во овој случај, по дефиниција, штетата за Македонија ќе биде многу поголема отколку за Бугарите

December 17, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Доколку, макар за момент, се апстрахираме од политикантскиот фолклор на дневната политика и во Скопје и во Софија и шумот што тој фолклор го предизвикува по социјалните мрежи и во медиумите во двете земји – вклучително и сите малубројни добронамерни гласови кои повикуваат на разум во бугарско-македонските односи – анализата на причините за второто бугарско вето на последниот европски самит не изгледа нелогично. Ако се гледа од бугарска страна.

Имено, за да не навлегуваме во познатиот историјат на спорот во последната година-две (а, уште помалку во последните 100+ години), доволно е да се каже дека, од меѓународна гледна точка, на изненадување и на своите евро-американски партнери, Бугарија посегна по „очајничката мерка“ за примена на вето (тоа, во принцип, е знак за очај), прво „во најава“, а сега и дефинитивно, во блокирањето на македонската (и албанската) европска перспектива, во обид да ги заштити своите „национални интереси“, така како што самите ги дефинираат. Наидоа на општа, па и непријатна осуда и притисок од, за сега, сите свои (а и наши) меѓународни партнери.

НОВА ФАЗА

Софија таа фаза ја помина и – ја преживеа. Врвот на непријатната бура е зад нив. Сега веќе спорот е јасно етаблиран и „зацементиран“ и тоа е „фактичката состојба“ за секое наредно решение, ако и кога ќе го има.

Тоа значи дека Бугарија веќе помина во фаза кога смета дека времето почнува да работи за нив. Навистина така и делува.

Прво, со познатиот развој на настаните, Бугарија се „ослободи“ од двајцата принципиелни актери на Договорот за добрососедство, оспоруван од разни страни и во Скопје и во Софија, пред тој суштински да профункционира. И Борисов и Заев заминуваат во политичката историја, што за ставовите на Софија е особено важно во однос на Заев: незгоден и непредвидлив „соговорник“ кој, бидејќи стана „омилениот балкански политичар“ на (НАТО/ЕУ) Брисел во последните години, претставуваше вистински проблем во меѓународната „равенка“ што Бугарите мораа да ја решаваат со своите западни сојузници.

(Во оваа смисла, „бонусот“ за Бугарите ќе биде ако и Никола Димитров го „снема“ од македонската официјална политичка сцена, бидејќи нивните односи со Бујар Османи/ДУИ се суштински поинакви, но тоа би била опширна дигресија ако сега треба да ја објаснуваме.)

МАКЕДОНСКАТА СТАБИЛНОСТ ВИСИ „НА КОНЕЦ“

Второ – од аспект на времето кое работи за нив – Македонија влезе во политичка криза (да, темелно индуцирана и од самата ЕУ и Бугарија) за која, во најдобар случај, ќе треба подолго време да се стабилизира, а во најлош случај ќе се развие во политички хаос што, сосема можно, ќе предизвика нови, вонредни парламентарни избори во некој период во идната година. Доколку оваа Влада не биде срушена уште во наредните недели, ВМРО-ДПМНЕ веќе од март-април ќе почне со протести, улични нереди, блокирање на целиот политички и општествен живот, со добра надеж дека така ќе дојде до предвремени избори, а потоа и победа на нив.

При таков развој на настаните, Македонија нема да има функционална политичка власт, практично, во целата 2022 година.

Трето, ултимативното однесување на Бугарија јасно помага за ваков развој на настаните, за решението според кое следната власт во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не значи дека меѓу Софија и ВМРО-ДПМНЕ има ефективна координација во постапките за да се постигне таков внатрешно-политички исход во Македонија. Не значи и дека нема. Но, и тоа сега не е најважно да се докажува или оспорува, поважен е исходот кој би одел во таа насока.

КОРЕНИТЕ НА ЗЛОТО?

Таа разврска ја очекува, а веројатно на тоа и се надева, Софија. Внатрешната политичка криза во Македонија ќе ѝ отвори широк политички и временски простор – памтите, времето работи за неа – за да ги реставрира своите нарушени регионални и меѓународни позиции во однос на сегашното вето. Од една страна, јасно е дека во Македонија нема да има конзистентна политичка коалиција на власт што би можела да го сработи решението во спорот според меѓународните стандарди кои се, сега, масивно на македонска страна, а сепак не даваат резултат. Од друга страна, овдешните превирања кои ќе ја вратат ВМРО-ДПМНЕ на власт, а со тоа и нивното добро познато одбивање за разговор со Софија врз основа на сегашната рамка за решение (битно нова рамка нема ни да има, барем не овој век), ќе ја засили позицијата на Софија до потполна супериорност пред меѓународната заедница – бидејќи, целата стратегија на Софија е овој билатерален спор, по секоја цена, „да го вгради“ во формалниот процес за пристапни преговори на Македонија со ЕУ. Тоа сѐ уште не ѝ успева. Но, времето работи за нив.

Со други зборови, можеби веќе и пред средината на идната година, на Бугарите ќе им се даде функционална можност на своите евро-американски партнери да почнат да им говорат: „Гледате, џабе нас нѐ притискате, од почетокот ви говориме дека проблемот е во Скопје!“ Итн… Отприлика тогаш ќе биде и моментот кога разни членки на ЕУ – особено во контекст на општите растечки кризни трендови во целиот западно-балкански регион – ќе почнат да ги менуваат своите сегашни јасни (иако неефективни) ставови и ќе поминат на добро познатите европски „муљавења“ за „кризно решение“ на спорот, при што притисокот ќе расте и ќе се зголемува врз македонската страна: „Да, знаеме, бугарските ставови се апсурдни и неправедни, бла-бла-бла, но некакво решение, за доброто на Македонија, мора да се најде!“

Тој „филм“ ние го одгледавме во своето долго издание во решавањето на проблемот со Грција. Го гледаа и Бугарите. И видоа дека функционира.

„КНЕДЛАТА“ МОЖЕ И ДА СЕ ПРОГОЛТА

Ним не им се брза, бидејќи македонско-бугарските односи стагнираат со децении наназад, па уште (најмалку) една-две децении повеќе или помалку им делува како сосема прифатлива временска рамка за продолжување на својата сегашна – всушност, историска, негаторска – позиција кон сегашната независна македонска граѓанска Република, којашто извира од националниот суверенитет на Македонците. Во многу калкулации кај сите наши соседи секогаш постои и „математички прецизниот исход“ Републиката и да ја снема. Во нивните историски, политички и воени архиви имаат детални и спремни решенија и за таква евентуалност, бидејќи Република Северна Македонија е, де факто, единствениот нов геополитички феномен по распадот на Отоманската империја. Затоа се сите збунети и им треба време да се прилагодат на таа реалност. Тешко им оди. А и ние често им помагаме.

Ваквата логика е најстарата геополитичка рамка со која се пристапува во решавањето на бројните балкански историски спорови (особено кога е Македонија во прашање): не правиш ништо за унапредување на односите кога не мораш, а кога се чини дека мораш, купуваш време за да го одложиш акутниот притисок. Не е ни важно што сето тоа може да биде во корист и на сопствената штета, доколку штетата кај другиот е поголема од твојата. Во овој случај, по дефиниција, штетата за Македонија ќе биде многу поголема отколку за Бугарите.

Дискурсот на целата ваква бугарска (и не само нивна) балканска „доктрина“ има, се чини, само еден важен проблем: „имотниот лист“ на Република Северна Македонија, од 1991 година наваму, е „оверен“ и се чува во архивата на САД. Тоа е „кнедлата“ што на многумина им е застаната во регионалните „грла“.

Но, си велат, бидејќи и самите имаат важни позиции во американската регионална стратегија: „На овој свет ништо не е вечно, па ни американските интереси за Македонија на Балканот. Времето работи за нас!“

Навистина, така и се чини. Песокот во балканскиот часовник не е со количествата од Сахара. Тоа, сепак, најдобро го разбра Зоран Заев. И замина во пензија.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ