• Latest
Фото: Македонско еколошко друштво

Ниту Црвените листи не ги спасуваат дивите животни од отрови и криволов

December 19, 2021

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Ниту Црвените листи не ги спасуваат дивите животни од отрови и криволов

December 19, 2021 13:56
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Фото: Македонско еколошко друштво

Фото: Македонско еколошко друштво

Share on FacebookShare on Twitter

Труења, ловење, заробување или убивање се речиси секојдневните закани со кои се соочуваат дивите животни во земјава, пишува МЕТА.

Под закана се и животни кои се наоѓаат на Црвените листи на загрозени видови, бидејќи и покрај високите казни за вакви дела, кои се движат и до десет години затвор, засега никој не е казнет. Досега, согласно со методологија на IUCN се изготвени Национални црвени листи за приоритетни габи, крупни ѕверови, како и црвени листи за сите видови водоземци и влечеуги, а направени се и проценки на 14 видови васкуларни растенија, кои имаат меѓународно и национално значење. Планирано е и ревидирање на Листите на строго заштитени и заштитени диви видови, но кога ќе се донесе новиот закон за природа.

На овие листи се наоѓаат многу загрозени животни како кафеавата мечка, рисот, волкот, видрите, чакалите… Пред истребување се и белоглавиот и египетскиот мршојадец, но сепак, тоа не значи дека во праксата се обезбедува некаква заштита на нивниот опстанок. Повеќето закони што ги штитат биодиверзитетот и природата предвидуваат само прекршочни санкции, додека казните за кривични дела против животната средина ги предвидува Кривичниот законик. Тие се високи, но за жал, речиси никогаш не се изрекуваат.

Последниот случај со спасувањето на 18 белоглави мршојадци во Мариовско, во опасност да се отрујат од угинати кучиња уште еднаш го сврте вниманието кон несоодветната грижа за дивиот свет. За случајот алармираа од Македонското еколошко друштво, и иако во спасувањето учествуваше и Министерството за внатрешни работи и општата Прилеп, а случајот се најде и во медиумите, сепак за инцидентот во Државниот инспекторат за животна средина не знаат.

„За овој случај ДИЖС нема добиено никаква информација“, велат за „Мета“ од Инспекторатот. Информираат дека во нивната евиденција постојат предмети кои се однесуваат на различни опасности со кои се соочува дивиот свет кои ги воделе државните инспектори. За дел од нив има и поднесени кривични пријави, но сите се против непознат сторител. За нив може да се пропишат казни и до десет години, ако, на пример, се предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на животинскиот или растителниот свет во поголеми размери. Конкретно, за расфрлање отрови кои го доведуваат во опасност животот или здравјето на луѓето, и на животинскиот или растителниот свет, казните во Кривичниот законик се од една до пет години. Висока е и казната, до три години затвор, за за криволов на редок или проретчен дивеч.

Од Министерството за животна средина велат дека постои Национален Акциски план за борба против отрови кој е изготвен од Националната работна група за борба против отрови во рамките на Балканскиот проект за борба против отрови со цел намалување на смртноста на мршојадците и грабливите птици предизвикана од отровни мамки и оловна муниција.

„Целта е овој Акциски план да послужи како национална стратегија која ќе помогне во борбата да се намали и спречи труењето на дивите животни земјата. Националниот Акциски план за борба против отрови продолжува да се развива и во рамките на новиот проект BalkanDetox Life до 2025 година со ангажман на Македонско еколошко друштво“, велат од Министерството.

Неодамна, „Платформа 27“, неформална мрежа на граѓански организации кои работат во областа на животната средина и климатските промени, го објави првиот извештај во сенка за Поглавјето 27 за животна средина и климатски промени. Во Поглавјето прашањето за областа природа е едно од најкомплексните области, а препораки за делување има речиси на сите полиња. Треба да се интензивираат теренските истражувања и прибирањето на податоци за видовите и живеалиштата од европско значење. Мора да се доизработат Црвени листи на загрозени видови и за останатите таксономски групи, како и да се ревидираат Листите на строго заштитени и заштитени диви видови. Извештајот бара продолжување со идентификација на потенцијални Натура 2000 подрачја и проширување на мрежата на заштитените подрачја, планирање и спроведување долгогодишна и континуирана кампања за Натура 2000 мрежата и донесување планови за управување за сите заштитени подрачја, кои би го зеле предвид и видовите и живеалиштата од европско значење. Неопходно е, сметаат граѓанските организации државата да обезбеди и финансирање за функционирањето на заштитените подрачја и за заштитата на биодиверзитетот.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ