• Latest

Кампања против говорот на омраза: Не дискриминирај, толерирај, стоп на омразата

December 20, 2021
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Кампања против говорот на омраза: Не дискриминирај, толерирај, стоп на омразата

December 20, 2021 13:44
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во борбата против говорот на омраза законодавните промени се неопходни, но тоа што е најважно, бара колективен одговор на целото општество да се каже „не“ на стигмата, „не“ на предрасудите, да се стави крај на пропагирањето на стереотипи. Правото за едниот човек е право за други и споделена обврска за сите членови на општеството, затоа солидарно да ја блокираме омразата, да ја споделиме љубовта и со тоа да градиме праведно општество ослободено од предрасуди. Не дискриминирај, толерирај, стоп на омразата, да споделуваме љубов и разбирање, почит за секого без оглед на разликите!

Ова се дел од пораките кои беа испратени на денешната промоција на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говор на омраза.

Раководителката на програми во Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје Каталин Тамус, истакна дека Советот на Европа е во првите редови во борбата против говорот на омраза на нашиот континент. Преку оваа активност, како што рече, развиваме нови стандарди во земјите членки во градењето на сеопфатни политики за отстранување на говорот на омраза.

– Оваа кампања има за цел да ги посочи стандардите на Советот на Европа и да врши мониторинг врз говорот на омраза во секојдневниот живот на граѓаните со цел да ги пренесеме концептите во искуства кои ги допираат луѓето и ги мобилизираат зборувајќи за човековите права и еднаквоста. Сите овие активности имаат за цел да ја подигнат свесноста за штетните последици по оние кои се на мета на говорот на омраза со цел за нивна елиминација, рече Тамус.

Таа се надева дека со оваа кампања ќе допрат до сите аспекти на општеството со гестови и фрази кои ќе ги обединат луѓето.

– Не можеме да ја победиме оваа битка без активно учество на јавноста, бидејќи говорот на омраза повредува, пред се ги повредува ранливите групи, но исто така му штети на општеството, може да биде прекурсор за насилство и затоа говорот на омраза во некои случаи може да влијае на деморкатската стабилност. Во борбата против говорот на омраза законодавните промени се неопходни, но она што е најважно бара колективен одговор на целото општество да се каже „не“ на стигмата, „не“ на предрасудите, да се стави крај на пропагирањето на стереотипи. Да се допре до младите да се ангажираат во колективните напори во борбата против говорот на омраза, потенцира Тамус.

Првата дама на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска вели дека е интересно тоа што кампањата започна на Меѓународниот ден на солидарноста – 20 декември, бидејќи, како што рече, солидарноста во суштина подразбира подготвеност да се помогне на ранливите и на обесправените, вклучително и на жртвите на омраза.

– Солидарноста ни е особено потребна денес кога омразата со голема брзина и леснотија се шири низ социјалните мрежи, медиуми и во виртуелниот свет и оттаму се прелева во реалниот, во меѓучовечките односи. Соочени со омразата можеме да одговориме на три начини: Првиот е на омразата да одговориме со иста мера и со самото тоа да се поистоветиме со оној којшто мрази, втората опција е да останеме рамнодушни набљудувачи и со тоа да станеме пасивни соучесници во омразата. Единствениот адекватен одговор според мене е кон омразата, кон различноста, всушност претставува почитување на достоинството на различните. Со тоа на дело ја блокираме омразата, ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите. Сите слободни демократски држави и општества се исправени пред предизвикот како да се справат со говорот на омраза, но да не ја ограничат фундаменталната слобода на говор на човекот, истакна Ѓоргиевска.

Според неа, правото за едниот човек е право за други и споделена обврска за сите членови на општеството, и затоа повика солидарно да ја блокираме омразата, да ја споделиме љубовта и со тоа да градиме праведно општество ослободено од предрасуди.

Фрек Јанмат, оперативен раководител за економски развој, владеење на правото и јавна администрација, Делегација на Европската Унија во Скопје истакна дека околу 52 посто од младите жени и девојки имаат искусено насилство онлајн, вклучително и закани со сексуално насилство, додека лицата со попреченост повеќе се на ризик од насилно однесување и се соочени со малтретирање.

– Има постојан подем во двете појави заради економски, социјалните, еколошките промени. Пандемијата со вковид-19 е еден од факторите кои придонесува за ваквиот подем. Европската Комисија смета дека нема алтернатива на проширувањата на кривичните дела поврзани со омраза и на само тој начин може да имаме ефективен приод од страна на кривичното право обезбедувајќи заштита на жртвите на ваквите дела. Иницијатива е првиот чекор кон проширувањето на листата на дела од омраза, а следната листа ќе биде за подобрување на вистински законодавни предлози, ннагласи Јанмат.

Правната рамка, смета тој, е неопходна за да се обезбеди дека има линија која не смее да се премине.

– Од демократско однесување до кривични дела од омраза, говорот на омраза и делата од омраза се штетни и влијаат на слободата на изразување и достоинството.Треба да се работи на нивна превенција преку нивно препознавање. Сите засегнати страни и граѓаните, млади луѓе и возрасни треба да се обединат во остварувањето на овие прашања почнувајќи со соработка, образование и подигање на свеста и воспоставување на култура на дебата заснована на взаемна размена на аргументи и контрааргументи, човечко достоинство и прифаќање на разноликоста, рече Јанмат.

Претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска, кажа дека говорот на омраза е вистинска закана за уживањето на човековите права гарантирани со Уставот и меѓународните конвенции за човекови права кои сме ги ратификувале.

– Говорот на омраза е многу повеќе од обични зборови, велат јазикот коски нема но коски крши. Таквиот говор е со намера да повреди, да навреди, да уништи нечие сдостоинство и интегритет, да омаловажи да понижи. Говорот на омраза нема никаква врска со слободата на говорот. Токму заради вакви намери и ваквата насоченост, говорот на омраза се храни со предсрасуди, стереотипи и неинформираност. Секој од нас во даден момент може да биде жртва на говор на омраза. Постои јасно дефинирана црвена линија меѓу говорот на омраза и слободата на говор. Додека слободата на говор поттикнува здрава дебата, говорот на омраза поттикнува и води кон насилство. Говорот на омраза не може а се лекува на ист начин како омразата, единствен лек е токму љубова. Со говор на љубов против омразата. Оваа битка е заедничка и зависи од секој од нас: Не дискриминирај, толерирај, стоп на омразаата, да споделуваме љубов и разбирање, почит за секого без оглед на разликите!, порача Бендевска.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја крене свесноста околу различните форми на говорот на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество, но и да се промовираат различни начини за спротивставување на говорот на омразата. Кампањата ќе се спроведува онлајн преку различни канали на интернет и на социјалните мрежи, но и преку традиционалните медиуми и јавни настапи. Оваа кампања вклучува јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права кои ќе промовираат разноликост и еднаквост во локалните заедници ширум регионот преку лични сведоштва и размена на добри практики.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата, остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ