• Latest

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“, СЗО предупредува за „нова бура“ низ Европа поради сојот Омикрон

December 22, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“, СЗО предупредува за „нова бура“ низ Европа поради сојот Омикрон

December 22, 2021 10:27
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат  одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал.

Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од тестот може да послужи како здравствена пропусница дури и без вакцинација.

Атал наведе дека во Франција во последните 24 часа се регистрирани околу 73.000 нови случаи и дека основната цел на оваа пропусница е да се укине можноста за добивање сертификат со негативен тест, кој ќе се добива само со вакцинација.

– Бранот што е пред нас ќе биде многу силен, рече Атал, додавајќи дека варијантата омикрон сочинува околу 20 отсто од новите инфекции со вируси во Франција и брзо се шири, особено во регионот на Париз.

За разлика од другите европски земји, Франција не планира нови ограничувања, а Атал рече дека државата има средства да се бори против следниот бран на инфекции преку кампања за вакцинација и масовно тестирање.

Франција може да има околу 100.000 нови случаи на коронавирус дневно, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.Сега, додека земјата се бори со петтиот бран на пандемијата, има околу 70.000 случаи на дневна основа.

– До почетокот на јануари доминантна ќе биде варијантата омикрон, изјави Веран за телевизијата BFM.

Министерот рече дека засега не се разговара за нови ограничувања, иако ништо не може да се исклучи.

Властите се надеваат дека зголемувањето на бројот на вакцинирани ќе им овозможи да го држат вирусот под контрола. Франција вчера регистрираше 210 нови смртни случаи од Ковид-19 во болниците во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати од болеста во земјата се искачи на речиси 95.000. Вчера имаше 72.832 новозаразени со коронавирус.

Светската здравствена организација предупреди дека „се подготвува уште една бура“, опишувајќи го драматичното ширење на сојот Омикрон низ Европа, јави ДПА.

– Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, изјави регионалниот директор на ОН Ханс Клуге во Виена.

Многу прашања за Омикрон остануваат неодговорени, истакна Клуге, но веќе е познато дека варијантата стана доминантен вид во неколку земји, вклучително и Данска, Португалија и Британија, „каде што заразените со него се удвојуваат за еден и пол до три дена со невидени брзини на пренос“.

Во следните неколку недели, нагласи Клуге, новиот сој ќе стане доминантен во повеќе земји во Европа, со што ќе се изврши притисок врз веќе погодените здравствени системи до крајна точка. Омикрон најверојатно ќе стане доминантна опција што циркулира во Европа, рече тој, додавајќи: „Големиот обем на нови инфекции може да доведе до повеќе хоспитализации и масовни нарушувања во здравствените системи“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ