• Latest

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците расправаше за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет

December 22, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците расправаше за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет

December 22, 2021 13:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2020 година беше предмет на расправа на денешната 24. Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извештајот за 2020 година ги опфаќа реализираните активности произлезени од законските надлежности на Советот.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, на седницата посочи на неколку прашања поврзани со Судскиот совет и, како што кажа, „нема волја од страна на судиите да се спроведат овие мерки“ при што ги повика на сериозна анализа.

– Во 2016-та година имавте слоган дека ќе вршите генерален реизбор на судиите, што е директно поврзано со Судскиот совет. Прва реформа неуспешна, потоа, имавме формирање на Судски совет за реформи во правосудниот систем на судството на чело со Зоран Заев, по вокација економист, неуспешен проект, сите стручни кадри излегоа од самиот совет, потоа најавивте ветинг, немаме ништо и од ова, до каде е постапката со проверка на потеклото на имот каде што ја задолживте Државната изборна комисија да го провери имотот на сите функционери вклучително и судиите?, посочи Ефтимов.

Реплицирајќи на пратеникот, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, наведе дека е важно да се продолжи со спроведувањето на правната рамка и стратешките планови поврзани со реформата во Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители.

– Во однос на оценките со кои правите споредба цело време и велите дека има уназадување, морам да не се согласам со вас, изјави Црвенковска.

Според неа, оценките на Европската комисија во однос на работата на судскиот систем во државата „и не се така лоши“.

– Не се четворка, но од 2, на 2,5 мора да се согласите дека постои одреден напредок за кој и вие и јас се согласуваме дека се состојби кои што се наталожени и не можат да се решат преку ноќ туку само преку системски приод, истакна таа.

Во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2020 година, е констатирано дека правосудниот систем на Северна Македонија има одреден степен на подготвеност/е умерено подготвен и дека е постигнат добар напредок во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и дека Судскиот совет проактивно ја извршува својата улога.

Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, пак, Советот, во текот на 2020 година изврши избор и разрешување на судии и судии поротници. Во извештајната година, Советот изврши избор на вкупно 24 судии и тоа. Од страна на Советот во текот на 2020 година е извршен избор на претседатели во 8 судови. Во текот на 2020 година, Советот избра вкупно 255 судии поротници. Истовремено, Советот донесе одлуки со кои е утврден престанок на функцијата судија поротник на 102 судии поротници.

Во однос на постапките за утврдување на одговорност на судија и претседател на суд, во текот на 2020 година поднесени се барања за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд против 140 судии, односно 58 барања, од кои отфрлени се 44, запрена една постапка, изречена една писмена опомена, а едно барање е повлечено од подносителот.

– Советот донесе одлуки за разрешување на 5 (пет) судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и тоа: – 2 (двајца) судии за постапки поведени во 2019 години и – 3 (тројца) судии за постапки поведени во 2018 година, стои во извештајот.

Оцената за работата на судиите во земјава во однос на квалитетот и ажурноста во нивната работа според наведените податоци на ниво државата е дека судовите во 2020 година не успеале да го совладаат приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 2 503 предмети и може да се заклучи дека во 2020 година од 34 суда за ажурни се сметаат 15 суда, додека како неажурни се 19.

– При разгледувањето и оценувањето на извештаите од страна на Советот се констатираше дека ваквата состојба се должи пред се на пандемијата со вирусот Ковид-19 во нашата земја и покрај тоа што претседателите на судовите ги презедоа сите мерки и активности за намалување на заостатокот на предметите во судовите. Но како и во сите сегметни од нашето живеење, така и во работењето на судовите оваа пандемија придонесе дел од судовите да бидат оценети како неажурни, со оглед дека дел од судиите и вработените во судовите беа заболени од вирусот, како и во изолација поради контакт со заболено лице со вирусот, стои во извештајот.

Според претставките и предлози на граѓаните и институциите за работата на судиите и судовите во текот на 2020 година, Советот постапувал по вкупно 531 претставка, Од вкупно 531 претставки на седница се разгледани 493 претставки, од кои 485 претставки се неосновани, 4 претставки се основани, 2 претставки се дeлумно основани и 2 претставки се повлечени од подносителот.

Во извештајот е наведено дека во текот на 2020 година, за функционирањето на Советот се потрошени финансиски средства во износ од 40.497.866,00 денари, кои во споредба со трошоците во 2019 година во износ од 52.122.633,00 денари претставува намалување на Буџет во номинален износ од 11.624.767,00 денари.

По излагањето на Црвенковска седницата е презакажана за в понеделник, поради годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ