• Latest

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“

December 25, 2021
Фото: МИА архива

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

August 13, 2025
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

И по  24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025
Фото: ВИ

Мрачни денови за Македонија: Брат го уби братот, син ја закла мајка си, малолетник со калашников остави крвав траг

August 13, 2025
Фото: Архива

Формирана Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на ДКСК, со работа ќе продолжи по локалните избори

August 13, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал; Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

August 13, 2025
reakcii lokalni izbori

РЕАКЦИИ: Од празен џеб до празна надеж – Локалните избори под сенка на апатија

August 13, 2025
Фото: Кабинет на украинскиот претседател

Зеленски: Украинската армија нема да се повлече од Донбас, во спротивно тоа би го отворило патот за трета војна и идна руска офанзива

August 13, 2025

Администрацијата на Трамп го критикуваше Додик за дестабилизација на БиХ во нов извештај

August 13, 2025

Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

August 13, 2025
Илустрација: ВИ

Разликата меѓу национални и локални наративи – Што е што во изборен контекст

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“

December 25, 2021 15:29
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска информираа дека испратиле писмо до израелскиот амбасадор, откако во образложението за одлуката на Основниот кривичен суд за нов 30-дневен притвор на нивниот клиент било наведено дека постои „опасност од бегство затоа што е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел“.

– Во решението на Основниот кривичен суд е наведено дека постои опасност од бегство затоа што Мијалков е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел, кои ќе му овозможат бегство во секој миг кога ќе посака без патна исправа и дека ќе му дадат засолниште, истакна адвокатот Звонко Давидовиќ.

Според него, ваквото образложение е „апсурдно и претставува нешто што досега не е видено“.

– За такво нешто треба да се даде доказ. Ова е вторпат Обвинителството да постапува на таков начин. Се сеќавате кога Вилма (Русокоска) кажа дека има личен извор кој никако да го именува. Баш би сакале да го именува за да го провериме и тоа. Овој пат имаме име на држава која се спомнува и затоа одиме на овој начин да провериме и да и покажеме на јавноста на кое ниво е судството и со какви работи се служат и Обвинителството и Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, додаде Давидовиќ.

Тој нагласи дека очекуваат оти израелската Амбасада ќе ги провери овие информации, а потоа „ќе даде демант или ќе се обрати до јавноста“.

– Ние не очекуваме одговор, ние очекуваме да се заинтересира да ги провери овие факти и едноставно да постапи онака како што му налагаат неговите правила на служба – дали да даде демант, дали да се обрати до јавноста, тоа веќе зависи од нив. Но, во секој случај имаат право да бидат запознаени, а ние имаме право да побараме едноставно известување за целата состојба, а и да ја информираме Државата Израел со која имаме блиски пријателски односи и ваквото нешто навистина е недолично, истакна Давидовиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

    ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ