• Latest
Добро утро со Орданоски

„Режим“ од кој „диктаторот“ сам си даде оставка – многу јако!

December 27, 2021

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Режим“ од кој „диктаторот“ сам си даде оставка – многу јако!

Пропагандниот апарат на оваа власт со пропагандната индустрија на претходната власт е како да споредувате провинциска (струмичка?) црква – со Ватикан! (Ватикан е, патем, местото каде за првпат во историјата, во 1622 година, е официјално воспоставена службата за „Пропаганда на верата“.)

December 27, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Така било тоа отсекогаш во модерната политика: партиите имаат свои пропагандни канцеларии (кога се на власт, тие се впрегнати и надоградени во владина пропаганда), на овие канцеларии им е работа да произведуваат пропаганда што одговара на политиките на раководствата на партиите/владите, некои се повешти, други се помалку вешти, но во најсуштинскиот опис на работата им е да контактираат медиуми и новинари во нив, за да ја пробијат својата „вистина“ за што било што им е на агендата. Издаваат соопштенија, брифираат, договараат интервјуа, држат по стотина прес-конференции месечно, нудат разни „материјали“ секому кому можат да му ги „протнат“, ручаат, вечераат и пијат кафиња со стотици новинари…

Озборувањата се голем дел таа пропагандна активност. И најфантастичните конструкции наоѓаат пат до медиумите, а ако не таму, тогаш до социјалните мрежи кои се „дар од Бога“ за да се заврши пропагандистичката „дејност“, најчесто со цела армија фејсбук и други ботови чија работа е да оцрнуваат, да плукаат, да создаваат атмосфера на општествена катастрофа или атмосфера на национален препород, во зависност од тоа дали се борат да дојдат или да се одржат на власт.

Работата на новинарите и медиумските уредници е да имаат увид во ваквата партиска пропаганда, да седат на состаноци со пропагандистите, да примаат пораки во сите формати и по секакви комуникациски канали… Тоа кај новинарите се нарекува „одржување на изворите на информации“ (“working the sources”), за да дознаат информации „пред другите“, да разберат нијанси или да откријат податоци што ги нема „конкуренцијата“, а се од интерес на јавноста. Во спротивно, за да се информира јавноста би останале само прес-конференциите што се достапни за сите; или копи-пејст на објави во други медиуми на кои само насловот им се менува и редоследот на речениците и пасусите. Двегодишната пандемија суштински ја отежна работата на новинарите и можноста физички да се сретнат со своите извори, да поразговараат „во живо“ со нив, да постават и логични, а непосакувани прашања.

И, тоа не е проблем. Проблем би бил ако се објави сѐ што ќе се каже/испрати/достави само од едните или од другите, како медиумот да е „поштенско сандаче“, без критичка дистанца и уреднички „филтер“ кон пропагандите, во што спаѓа и елиминирање на „другата страна“ во приказните. Тоа, само по себе, не е лесно, но е суштината на новинарскиот занает: не само да се објават фактите (па и измислиците и полувистините), туку тие да се стават во контекст. Вообичаено, контекстот е проблемот што пропагандите сакаат да го сокријат, а е мерка за угледот и влијанието на секој поединечен медиум. И, да, не привлекува многу „лајкови“ и „кликови“.

Зоран Заев ги поремети повеќето „правила“ во вака воспоставениот систем на информирање, вклучувајќи ја и работата на неговата партиско-владина пропаганда: во последните четири-пет години тој стана достапен, 24/7, буквално до сите новинари, стотици, кои имаа потреба или желба нешто да го прашаат. Од нивните телефони би можело да се „искројат“ стотици афери, ако ви е тоа намерата. Познавам, а и соработувам со десетина новинари кои дневно разменуваа по 3-4-5 пораки со доскорешниот премиер, за сѐ и сешто од владините и партиските активности, без никакви уредувачки, идеолошки или „бизнис“ насоки (а и последици!) од повисоките медиумски инстанции.

Можеме до утре да разговараме колку е тоа добро за новинарството (кога за сенешто самиот премиер ви е извор на информации) или за самата владејачка структура (кога немате потреба да се обраќате до институции и нивни раководители, ако можете да добиете коментар или информација од самиот премиер), но сигурно е дека ваквиот „режим“, во медиумска смисла, тешко може да се третира за „хибриден“ – побрзо на ум ми доаѓаат епитети како „хаотичен“, „популистички“, „персонализиран“, „директен“, „отворен“, „повремено ступиден“ итн.

Особено кога тоа ќе се спореди со високо воспоставената и одржувана медиумска контрола, државната пропаганда со манипулации со употреба на закани, притисоци, уцени и физички напади врз новинарите и нивните имоти за време на еднодеценискиот автократски, недемократски режим на Груевски. Пропагандниот апарат на оваа власт со пропагандната индустрија на претходната власт е како да споредувате провинциска (струмичка?) црква – со Ватикан! (Ватикан е, патем, местото каде за првпат во историјата, во 1622 година, е официјално воспоставена службата за „Пропаганда на верата“.)

Затоа и делуваат неубедливо (за оние кои не се веќе убедени) дека пропагандата на власта на Заев била извор на „хибриден режим“ во Македонија. Од кој тој самиот, доброволно си замина, со општ впечаток дека му е веќе преку глава од решавање (а и произведување) проблеми, а не пак од режимско владеење! Е*ати режимот.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ