Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штандови посветени на промоција на европските вредности и интеграции, пред влезот во ГТЦ во Скопје, пред ТЦ Буњаковец и на „Улица Македонија.
На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.