• Latest

ЦИВИЛ повикува на совесност и безбедност при новогодишните прослави

December 31, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ повикува на совесност и безбедност при новогодишните прослави

December 31, 2021 09:19
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на новогодишните и празници, ЦИВИЛ упатува апел до сите граѓанки и граѓани во земјата да прославуваат безбедно, без употреба на распрскувачки материјали и петарди, и оружје.

Во пресрет на празничните денови, ЦИВИЛ  потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку мислите дека го владеете оружјето, имајте на ум дека и најголемите професионалци грешат.

Еден од слоганите на ЦИВИЛ во изминатите години е: Не се одушевувајте од „експертите за оружје“ – ќе ги надживеете!

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели: „Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето, се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

Децата се најчести жртви на трауми, повреди, па и трагедии, поради несовесното ракување и злоупотребата на оружјето и распрскувачките материјали.  Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца: да се оддалечат од местото на славеничко пукање, да не допираат оружје или експлозиви и да пријават незаконска употреба на оружјето. Овие безбедносни правила, се разбира, важат и за возрасните.

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели: „Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето, се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

ЦИВИЛ се придружува кон повикот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства неовластено и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ