• Latest

Арсовска и Град Скопје сè уште ги кријат новогодишните донатори и договорот за мобилните тоалети

January 6, 2022
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Арсовска и Град Скопје сè уште ги кријат новогодишните донатори и договорот за мобилните тоалети

January 6, 2022 10:21
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И по неколкудневни обиди за добивање одговори, повеќе  разговори со неколку службеници од кабинетот и службата за односи со јавност, Град Скопје и градоначалничката, Данела Арсовска сè уште не одговорија на прашањето на ЦИВИЛ Медиа за тоа кои се донатори за новогодишната прослава на градскиот плоштад, а ниту за тоа колку ќе ги чини скопјани поставувањето и одржувањето на јавните монтажни тоалети на повеќе локации во градот.

Матеја Петровски, портпарол на Град Скопје, со кој разговаравме вчера, ни вети дека ќе го испрати договорот за мобилните тоалети. „Излезен сум, штом стигнам во Град Скопје, ќе ви испратам“, ни рече Петровски.

Но, портпаролот, до неодамна репортер во Телевизија Алфа, не го испрати ниту договорот, ниту одговорот. Редакцијата на Цивилмедиа и денеска претпладне се обиде да стапи во контакт со него, и преку телефон и преку смс порака, но Петровски беше недостапен за повиците и барањата на редакцијата.

Матеја Петровски, портпарол на Град Скопје, извор: ФБ профил на Матеја Петровски

„Кои се фирмите донатори за новогодишната прослава на градскиот плоштад во Скопје? Дали Град Скопје има склучено договор за соработка во соодветна процедура со овие донатори, дали може тие документи да бидат дадени на увид на редакцијата и на јавноста воопшто? Дали за поставувањето на јавни тоалети низ градот има распишано тендер или дали има спроведено постапка за јавна набавка, кога е спроведена таа процедура, има ли документација за тоа и дали може јавноста да ги добие документите за таа јавна набавка?“, се прашањата кои ги упати Цивилмедиа до кабинетот на Арсовска уште во вторникот.

На адресата на Цивилмедиа вчера пристигна електронска пошта од прес службата на Град Скопје, но без конкретни одговори на прашањата што беа поставени од редакцијата.

„Дочекот на новата 2022 година на плоштадот го финансираа неколку општествено одговорни компании. Градот Скопје нема увид во договорите на компаниите со изведувачите. Прославата за Нова година го чинеше градскиот буџет нула денари. Концептот со прослава со македонски изведувачи ќе биде пракса и за следните прослави за Нова година ќе има навреме обезбедено средства од буџетот на градот. Договорот за поставување мобилни тоалети е потпишан на 15.12.2020-та година од страна на градоначалникот Шилегов, во вредност од 9.000 евра и истиот сеуште е во важност“, се вели во одговорот од прес-службата на Градот.

Но, извори на ЦИВИЛ Медиа во градската администрација велат дека таков договор не постои во архивата, и дека претходното раководство на Градот имало договор за мобилни тоалети кои се поставуваат при одржување на јавни манифестации, како и исти такви тоалети за стражарските служби, кои немаат врска со новопоставените мобилни тоалети во градскиот парк и на кејот на Вардар.

Инаку, медиумите години наназад пишуваат за недостатокот на јавни тоалети во Скопје. Поранешниот портпарол на Град Скопје, Ваљон Салиху лани во изјава за КДП, посочил дека во надлежност на градот има само три јавни тоалети. „Во согласност со Законот за Град Скопје, кој прави разлика на надлежностите меѓу градот и општините, јавните тоалети во градот се во надлежност на општините. Само три јавни тоалети се под наша надлежност“, изјавил Салиху.

Останува нејасно, зошто новата администрација на Град Скопје ги крие донаторите за новогодишната прослава и договорот за поставување на дополнителни мобилни тоалети во Градскиот парк и на кејот на реката Вардар. ЦИВИЛ Медиа ќе продолжи да бара одговори на овие прашања, преку законските механизми за транспарентност и отчетност на институциите.

Петрит Сарачини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ