• Latest

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон, Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

January 10, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон, Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

January 10, 2022 13:25
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во Шпанија, Велика Британија и Италија и на други места се повеќе се во неповолна положба бидејќи многу работници се или болни или во изолација. Велика Британија во петокот почна да распоредува воен персонал за да им помогне на болниците кои немаат доволно персонал и се под голем притисок поради големиот број пациенти.

– Омикрон значи повеќе пациенти за лекување и помалку персонал за лекување, изјави медицинскиот директор на британската Национална здравствена служба (NHS), Стивен Пауис.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид во петокот рече дека очекува следните недели да бидат тешки.

Во Англија, речиси 80.000 здравствени работници отсуствувале од работа секој ден во неделата до 2 јануари, што е за 13 отсто повеќе од една недела порано, покажуваат податоците на NHS. Скоро половина од нив, 44 проценти, се должат на Ковид-19, што е повеќе од една петтина повеќе од една недела порано.

Во САД, болниците ги одложуваат однапред закажаните операции за да го ослободат персоналот и креветите, а примарната здравствена заштита на Шпанија е под толку голем притисок што на претпоследниот ден од 2021 година, властите во североисточниот регион Арагон одобрија ангажирање на пензионирани здравствени работници и медицински сестри.

Работниците од првата линија, како што се медицинските сестри и физиотерапевтите, се најтешко погодени, според шпанскиот синдикат на медицински сестри кој го наведува примерот на Андалузија каде во втората половина на декември повеќе од 30 проценти од работниците отсуствувале од работа поради Ковид.

Во Холандија, бројот на заразени меѓу болничкиот персонал исто така нагло се зголемува, особено кај медицинските сестри и негувателите, објави во петокот Де Телеграф, кој спроведе истражување во осум болници. Во пресрет на Божиќ во некои од најтешко погодените болници, секој четврти тестиран бил позитивен, а во Универзитетскиот медицински центар во Амстердам сега се позитивни 25 отсто од вработените, што е повеќе од пет отсто пред една недела.

Во Италија, проблемот со заразените здравствени работници, над 12.800 според податоците од минатата недела, се влошува со суспензијата на невакцинирани лекари, медицински сестри и административен персонал, кои сочинуваат повеќе од четири отсто од вкупната работна сила. Италијанските јавни здравствени агенции ги замрзнаа годишните одмори на вработените со тоа што ги одложија за подоцна и ги замрзнаа или одложија договорените операции кои не се итни.

– Шпанија ја очекуваат неколку недели, во суштина цел јануари, ширење на инфекцијата, а потоа се надеваме дека ќе достигнеме врв што ќе се спушти исто толку брзо, рече Рафаел Бенгоа, коосновач на Институтот за здравје и стратегија во Билбао. Тој не верува дека ќе се појави позаразна и смртоносна варијанта од омикрон и е оптимист дека сегашниот бран може да означи почеток на крајот на пандемијата.

– Пандемиите не завршуваат со голем бум, туку со мали бранови бидејќи многу луѓе се заразени или вакцинирани. По омикрон, не треба да очекуваме ништо повеќе од мали бранови, додаде Бенгоа.

Во Италија од денеска до завршување на вонредната состојба на 31 март ќе важи суперзелениот сертификат (сертификат за вакцинирани против коронавирус и оние кои прележале Ковид-19, но не и за тестирани со ПЦР или антиген тест) кој станува задолжителен за хотели и друго сместување, за прослави по верски или граѓански церемонии, за изложби, за конгресни центри, за отворени простории на ресторани, за базени, спортски сали, за групни спортови, за бањи, за културни центри, за социјални центри, за активности на отворено.

Од денеска суперзелениот сертификат во Италија ќе биде потребен за авиони, возови и траекти, како и за јавен превоз. Одредбата за домашниот транспорт предизвика загриженост кај жителите на малите италијански острови, за кои фериботите и авионите се единствената врска со копното.

По писмото до италијанскиот премиер Марио Драги од Асоцијацијата на општини на мали острови, Владата одлучи дека може да има исклучок од правилото. За патување до и од малите острови, ќе важи обичен зелен сертификат издаден и по ПЦР или антиген-тест за коронавирус, но само доколку целта на патувањето е од здравствени причини или обука./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ