• Latest
Воз кој транспортира руско оружје, најверојатно хаубици од типот 2С19 MСTA-С и БMP во Керш, Украина, 27 март 2021 година (извор: граѓански новинар)

Тема на денот: Руската агресија на Украина, за Баумгартнер проширувањето и отварањето на преговорите немаат точно утврден рок, извештај на Хјуман Рајтс Воч

January 13, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Тема на денот: Руската агресија на Украина, за Баумгартнер проширувањето и отварањето на преговорите немаат точно утврден рок, извештај на Хјуман Рајтс Воч

January 13, 2022 16:49
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Воз кој транспортира руско оружје, најверојатно хаубици од типот 2С19 MСTA-С и БMP во Керш, Украина, 27 март 2021 година (извор: граѓански новинар)

Воз кој транспортира руско оружје, најверојатно хаубици од типот 2С19 MСTA-С и БMP во Керш, Украина, 27 март 2021 година (извор: граѓански новинар)

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ: Руска агресија на Украина

Заканата од целосна инвазија од страна на руската армија е главна тема во Украина

Заканата од целосна инвазија од страна на руската армија е главна тема во Украина веќе цела година, изјави во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа  Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук. Првично, ситуацијата ескалира во април, кога Русија се обиде сѐ да објасни со вежби. Но таков број на војска и опрема околу целиот периметар на украинската граница во претходните години немаше. Во овој период се појави проблемот на Белорусија: беа растерани мирни демонстрации, имаше нелегално слетување на цивилен авион, имаше нагло приближување на Белорусија кон Русија, во формат на Сојузна држава, се случи миграциската криза на границите со Литванија и Полска. Ова е дополнителен голем стрес фактор, кој на сите им покажа дека опасноста се приближува до Украина, не само од исток или од окупираниот Крим, туку и од север.

Второто масовно прераспоредување се случи оваа есен. Русија префрли тенкови, артилерија и системи за противвоздушна одбрана на границата со Украина. Русија досега има концентрирано околу 122.000 војници. На 11 јануари во близина на границата со Украина Русија започна нови вежби. Министерството за одбрана на Русија планира да спроведе вежби на полигони во Воронежската, Белгородската и Брјанската област што се граничат со Украина, како и во Смоленската област. Таму испратија околу 3.000 војници и 300 единици воена опрема. За ова, на 11 јануари соопшти Западниот воен округ. Покрај тоа, министерството соопшти дека единиците на Црноморската флота, како и артилерците на армискиот кор на Јужниот воен округ марширале на полигоните за воена обука, кои се наоѓаат во окупираниот Крим.

Русија не е спремна на деескалација на состојбата

Русија ни во Брисел не покажа спремност за деескалација на состојбата на украинската граница, изјави заменичката на американскиот државен секретар, Венди Шерман.

„Не е јасно дали Москва овие разговори сака да ги искористи како изговор и потврда дека дипломатијата не може да функционира. Сојузниците на НАТО се спремни да ги искористат сите можности кои ги пружа дипломатијата кризата да деескалира“ – изјави Шерман.

На прашањето на новинарот на ЦНН дали Русите се обврзале на деескалација на состојбата во Украина, Шерман одговори дека не се.

„Не покажаа дека се посветени на деескалација, ниту спремност да дојде до тоа. Ни самите Руси во овој момент не знаат кои опции се најдобри. САД веруваат дека може да се постигне напредок, ако Русите се согласат да бидат кооперативни околу прашањата каде што интересите на двете страни се совпаѓаат. Претстои доста работа и постојат области во кои можеме да ја подобриме меѓусебната безбедност. Но постојат и места на кои не можеме да најдеме взаемен интерес, но во секој случај постои надеж за напредок“ – изјави Шерман.

Таа верува дека концентрација на руските трупи во Украина е со цел да се изврши притисок врз евроатланските амбиции на нејзините соседи, бидејќи смета дека постојната ситуација е неподнослива. Меѓутоа, тешко е да се разбере ставот на Русија дека се чувствува загрозена од Украина во моментот кога Москва ја има најголемата конвенционална војска во Европа.

На крајот, преостанува уште еден состанок во рамките на ОБСЕ во Виена, но впечаток е дека руските дипломати кои учествувале во разговорите мораат да се вратат дома со половично завршена работа, за да добијат понатамошни инструкции од претседателот Владимир Путин.

Сојузниците ги координираат непосредните чекори за можни казнени мерки за Москва

-Да се подготват координирани економски мерки кои ќе нанесат висока цена за руската економија ако Русија направи трагична грешка (ја нападне Украина), рече Прајс.

Во меѓувреме, Радио Слободна Европа денеска јави дека во Русија се префрлаат стотици единици воена техника, вклучувајќи реактивни системи за топовски оган „Град“ и „Ураган“, од Сибир и Далечниот Исток на земјата во западните региони. Медиумот цитира извештај од проектот „Конфликт интелиџенс тим“, кој ги изучува многубројните видеа објавени по социјалните мрежи. Префрлањето на воената техника следи откако Министерството за одбрана на Русија на 11 јануари објави нови воени вежби во западниот дел на земјата во близина на границата со Украина, со учество на три илјади војници и триста единици воена техника. На Запад сметаат дека Русија се подготвува за сеопфатна инвазија на Украина откако во изминатите месеци распореди околу 100.000 војници долж границата со соседната земја, и на анексираниот полуостров Крим, што според САД е подготовка за воен напад

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Баумгартнер: Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија, за оваа тема нема некој точно утврден рок, затоа што тој зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите. Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат, порача амбасадорот Бомгартнер пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции пред кој ги презентираше приоритетите на француското претседателство.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ  Заменик – помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар,  рече дека зборувал со Франција која од први јануари го презеде шестмесечното претседателство со Европската унија, за што е можно поскоро започнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

ТЕСТ Според Ангелов, позитивниот тест на Никола Минчев можеби е поврзан со планираната посета на премиерот Кирил Петков на Северна Македонија на 18 јануари, која беше одложена поради карантинот на Петков. „Ова беше спасоносен потег за бугарската влада и за премиерот Петков, бидејќи во спротивно немаше да може да го исполни она што го декларираше од говорницата на Народното собрание. На крајот претседателот го повлече за уши премиерот Петков на Консултативниот совет“, рече Ангелов.

ПОКАНА Во соопштение до јавноста од СДСМ, се вели дека Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба. Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните, потенцираат од СДСМ. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија.

ИЗВЕШТАЈ Автократските лидери се соочија со значителни  повртани реакции во 2021 година, но демократијата може да напредува во натпреварот со автократијата само доколку демократските лидери ги интензивираат активностите во решавањето на глобалните проблеми, рече Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч, по повод објавувањето на Извештајот на Хјуман Рајтс Воч за човековите права во светот за 2022 година.

ЕКОНОМИЈА Перцепцијата на граѓаните дека се живее потешко е поради двегодишниот удар кој влијае на економско и здравствено поле, се надоврзува и енергетскиот аспект. Тука се и потребите за задоволување на домаќинствата за храна, кадешто имаше ценовен скок, што не е производ на пазарната економија, туку на однесувањето на чинителите во пазарната економија, оцени вицепрмиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

ИНТЕРВЈУ 

Задорожњук, амбасадорка на Украина: Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!

Во светлина на најновите тензии што ги предизвика натрупувањето на руска војска и тешко вооружување на украинските граници и во обид пред македонската и светската јавност да се претстават гледиштата и информациите од украински агол, побаравме интервју со Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук.

Амбасадорка на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото извор: Амбасада на Украина)

ЗАДОРОЖЊУК: Украина е во состојба на војна веќе осма година. Ние за ова бевме целосно неподготвени во 2014 година. Првичниот план на Русија беше да ја подели Украина на половина, да ги окупира источните и јужните региони на Украина, создавајќи псевдодржавен ентитет „Новорусија“. Но, дури и тогаш, кога на руските трупи им се спротивставија набрзина собрани одделни единици на украинската армија и доброволци, сè што Русија успеа да заземе во источна Украина беше релативно мала територија, а имено – дел од административната територија на Доњецката и Луганската област.

Во моментов, нашите вооружени сили се неспоредливо посилни. Ако Русија сепак одлучи да војува, ќе треба да смета на исклучително голем број загинати руски војници, што нема да биде споредливо со 2014 година. Тоа ќе биде сериозно крвопролевање и за двете страни.

Ова го разбира и Русија. Пролетта, кога Русија под изговор за вежби ги концентрираше силите на границата со Украина, заедно со другите воени групи беа исто така формирани и мобилни подвижни болници. На сите им е јасно дека такви мобилни подвижни болници никој не формира при редовни воени вежби. Ова покажува дека раководството на руските вооружени сили добро разбира дека ако има наредба за напад на Украина, тоа веќе ќе биде војна на сосема друго ниво.

Петров: Македонија одамна е презаситена со оружје

Поранешениот службеник во Агенцијата за разузнавање и поранешен заменик министер за надворешни работи и автор на книгата „Атентатот“, актуелен национален координатор за имплементација на државната Платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров, зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот. Разговорот со Петров е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

 

БРЗА ПОШТА

КАТЕРИНА КОЛИЗОВА: Кои се мотивите на овој герои?

Едно само ме загрижува: неговата реторика и таа на Каракачанов се спротивни, но конкретните цели им се споделени – тапкање во слепава улица – поточно, идентични, постигнатите резултати идентични, отсуство за дијалог и неможност од постигнување какви и да се резулатати – идентични.

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: На Македонија ѝ се доволни 7 министерства, 80 пратеници, 30 општини…

На Македонија ѝ се доволни 7 министерства, 80 пратеници, 30 општини. Македонија не смее да биде сведена на Скопје. Македонија се сите градови и села. И граѓаните во секој град и секое село имаат право на еднакви услови за живеење.

ЗОРАН ИВАНОВ: Интелектуалците да објаснат кој, како и со што ги загрозува македонизмот, Македонците, и македонската држава 

Група македонски интелектуалци:

Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја. Чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија?

Почитувани граѓани на Македонија,

Во овие судбински денови за европската иднина на нашата татковина, длабоко загрижени поради фактот што таа станува заложник на апсурдните барања на Република Бугарија, одлучивме да се обединиме во мислата и во зборот за Македонија.

Секој од нас има сопствени погледи за тоа каква Македонија сакаме. Многу често не се согласуваме, ги биеме битките с… … ….. …

АНАЛИЗА

После полни четири часа разговори во Брисел, кои на моменти беа тензични, не е постигнат значаен напредок меѓу НАТО и Русија за намалување на тензиите и деескалација на руско-украинската граница и контрола на вооружувањето во овој дел на Европа.

Претставниците на Алијансата глатко ги отфрлија барањата на Москва од Алијансата да не се шири и да ги повлече своите сили од источна Европа. Членките на НАТО го повториле својот цврст став дека членството во НАТО е суверена одлука на секоја земја и Русија на тоа нема право на вето. Останува уште еден состанок со ОБСЕ во Виена, но очигледно е дека руските дипломати кои учествуваа во разговорите мораат да се врата дома со половично завршена работа, за да добијат понатамошни инструкции од претседателот Владимир Путин, колумна на Александар Николиќ Писарев „Претставниците на Алијансата глатко ги отфрлија барањата на Москва од НАТО да ги повлече своите сили од источна Европа“

СЛОБОДНА ЗОНА

Во рамките на динамичните настани кои се секојдневни на меѓународно ниво, често не забележуваме активности кои се многу битни, но на прв поглед можеби делуваат неатрактивно. Еден од тие настани е инцијативата на Вашингтон за некаква – условно речено – поделба на вселенскиот колач кој за дел од стручната јавност во светот е прaвно спорна, но и за другите велесили во освојување на вселената, Русија и Кина, пред се, во тој договор гледаат извор на несогласувања, бидејќи, им дава второкласни позиции. Договорот кој се однесува на некој вид на поделба на природните добра на Месечината, Русија, главниот партнер на САД за Меѓународната вселенска станица, категорично одби да го потпише  До тој миг се чинеше дека токму освојувањето на вселената е дел од најдобрите денови на детантот. Особено затоа што по серијата неуспеси на НАСА во остварување на нивниот програм, лансирањата на Роскосмос беше единствениот начин да се испратат американски астронаути во вселенски објект таму горе., анализа на Љубомир Костовски во колумната „Бајконур: Повеќе од симбол на моќта на Русија во планетарни рамки“

Впрочем, некогашниот агент на КГБ ужива во тоа да се обвива со вел на мистериозноста. Путин постојано ја држи светската јавност во состојба на нелагодно исчекување. Неговите изјави често ги шокираат западните дипломати.

Што и да кажат руските претставници Рјабков, Грушко или некој друг на преговарачката маса во Женева, Брисел, Виена или на било кое друго место, на крајот тие изјави се само дел од триковите и тактиките, а не се цврсто утврдени принципиелни ставови на Путин и неговите воени и пропагандни генерали.

Со други зборови, изјавите од Кремљ или од самиот Путин се само тактички потег на шаховската табла. Не вистински став, туку само маневар, со кој се предизвикува илузија, за да се зашемети противникот. Бидејќи ставовите и принципите се поврзани со стратегијата за хегемонија и владеење на цврстата рака, читајте во едиторијалот на Џабир Дерала „Путин во потрага по наци-сталинистичкото наследство на Советскиот Сојуз“

 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ