Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, изјавија за БНТ од прес-центарот на Советот на министри. Засега не е јасно кога ќе се реализира.
Претходно, Министерскиот совет за БНТ потврди дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе се изолираат во наредните денови. Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус.
Премиерот Кирил Петков продолжува да работи онлајн и е во постојан контакт со членовите на Советот на министри. Премиерската функција ќе ја обавува вицепремиерката Калина Константинова за сегашните обврски во земјата.