• Latest
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Русија не ја разбира пораката на Европа

January 14, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Русија не ја разбира пораката на Европа

Пораката од Виена е дека ОБСЕ мора одлучно да ги отфрли уцените и никогаш да не дозволи решенијата да се носат со агресија и закани. Единствениот учинок кој Русија „го постигна“ после тродневните разговори за деескалација на украинската криза е падот на вредноста на рубљата за 2 одсто

January 14, 2022 07:00
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Напорите да се постигне деескалација на тензиите на руско-украинската граница, по Женева и Брисел, се преселија во Виена на состанокот на постојниот совет на ОБСЕ. За жал, не се постигна успех, а заменик рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, порача дека американското отфрлање на клучните барања на Москва ги води  разговорите во слепа улица и дека не гледа причина во блиска иднина да се организира нова рунда на преговорите за руските безбедносни гаранции. Но и дека е спремен за разговори во различни формати.

Единствениот учинок кој Русија „го постигна“ после тродневните разговори за деескалација на украинската криза е падот на вредноста на рубља за 2 одсто, пишува Блумберг.

Постои голем ризик од војна во Европа

Полскиот министер за надворешни работи Рау Збигњев, чија земја го започнува едногодишното претседавање со ОБСЕ, изјави дека ризикот од војна на подрачјето на ОБСЕ е сега поголем од било кога во последните 30 години.

„Веќе неколку недели сме соочени со сериозни изгледи да дојде до голема воена ескалација во источна Европа. Рускиот претседател, Владимир Путин, поставува низа барања за безбедносни гаранции вклучувајќи ограничување на силите на НАТО во источна Европа и гаранција дека Украина и Грузија нема да станат членки на НАТО. Услови кои за Алијанса и ОБСЕ се неприфатливи.“

Москва не ја разбира пораката

Се очекуваше дека руските претставници во Виена подобро ќе ја разберат загриженоста на членките на ОБСЕ за безбедност и мир во Европа. Бидејќи, сепак, ОБСЕ не е само платформа за соработка на 57-те држави членки, туку и за заедничка приврзаност и одлука на државите членки да градат мир во Европа и иднина без конфликти и војни.

„Сакаме да посветиме поголемо внимание на безбедноста на просторот на ОБСЕ и даваме можност на секоја страна да ги изнесе своите ставови,“ изјави Рау, нагласувајќи дека е неопходно сите страни да се фокусираат на мирно разрешување на конфликтот со почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во рамките на меѓународно признати граници.

Полска, како претседавач на ОБСЕ ќе се фокусира на зачувување на мир во регионот од Ванкувер до Владивосток.

Генерална оценка и по третата рунда на разговори е дека воената реторика на Русија и натрупување на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница,  претставува притисок на САД и европските сојузници да ги прифатат условите и желбите на Кремљ.

Постои ли уште руска сфера?

Претставниците на Русија во текот на сите три дена колку што траеја разговорите, сакаа да наметнат атмосфера дека нејзиното воено присуство на граница со Украина е одговор на засилено присуство на НАТО во руската сфера на интереси и ги демантираа тврдењата дека Русија планира да изврши инвазија врз Украина.

Американскиот претставник во ОБСЕ во Виена нагласи дека Запад не треба да попушти пред уцените на Москва.

„Додека се подготвуваме за отворен дијалог како да ја засилиме безбедноста за добробитта на сите, мораме одлучно да ги отфрлиме уцените,“ изјави американскиот амбасадор Мајкл Карпентер на состанокот во ОБСЕ.

Состанокот во Виена е завршен со цврстиот став на Москва дека треба да ги добие бараните гаранции од Запад дека Алијансата нема да се шири кон нејзините граници. Рускиот претставник Александар Лукашевич на состанокот во ОБСЕ изјави дека неговата држава ќе преземе сериозна акција доколку нејзината загриженост од доближување на Алијансата до руските граници не биде разбрана сериозно.

„Ако во разумен рок не добиеме конструктивен одговор на бараните гаранции кои ги предложивме и доколку Запад продолжи со агресивна политика кон Русија ќе бидеме принудени да ги преземеме  сите неопходни мерки за да воспоставиме стратешката рамнотежа, и да ги елиминираме неприфатливите закани по нашата национална безбедност. Русија сака мир, но не мир по секоја цена, мораме да ги добиеме формално правните безбедносни гаранции кои ги бараме,“ изјави Лукашевич.

Така, првиот обид, низ три формати на разговори, во Женева, Брисел и Виена, да се намалат ризиците од руска инвазија на Украина, а со тоа и тензиите меѓу НАТО и Русија, заврши со неуспех. Русија јасно даде до знаење дека е спремна да ја напушти дипломатијата. Неизвесноста на руско-украинската граница останува.

 


Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ