• Latest

Пристигнаа седум страници германско вештачење за пожарот на модуларната болница во Тетово, издадена е наредба за превод на документите

January 17, 2022
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пристигнаа седум страници германско вештачење за пожарот на модуларната болница во Тетово, издадена е наредба за превод на документите

January 17, 2022 18:44
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повеќемесечна истрага пристигна вештачењето на германските експерти за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 лица, а повеќемина беа повредени. На седум страници се изнесени сознанијата и заклучоците на експертите од Германија, кои што извршија увид на местото на пожарот.

Експертскиот тим од Бундескриминаламт или Сојузната  криминалистичка полиција (БКА) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој по увидот во Тетово, изминативе месеци во своите лаборатории вршеше вештачење на земените примероци. Германскиот извештај е последната коцка од мозаикот на истрагата, на којшто се чекаше неколку месеци, а треба да даде одговор како за само неколку минути изгоре целата болница.

Првиот човек на тетовското обвинителство, Бесир Алиу за ДВ вели е издадена наредба за превод на извештајот, по што ќе бидат обелоденети делови од него.

„Доколку од вештачењето на германските експерти не произлезе некоја финеса за да се спроведат дополнителни активности, можеме да кажеме дека досега истрагата е 99,9 проценти завршена“, вели Алиу.

Наредби 

Тетовскиот обвинител Алиу, кој е делот од петмината обвинители коишто беа вклучени во истрагата, објаснува дека извештајот пристигнал во петокот, по што е издадена наредба за негов превод од германски јазик. Со оглед на тоа дека има еден лиценциран судски преведувач од германски јазик во Тетово, се очекува документот да биде готов за неколку дена. Дополнително, по дипломатска пошта, треба да пристигне и УСБ со снимки направени со дрон на местото на трагедијата, како и оригиналниот извештај. Пред затворањето на истрагата, обвинителите ќе треба да реферираат за предметот пред посебната комисија формирана од државното Јавно обвинителство, во однос на сите активности коишто биле преземени изминатиот период.

Изминативе месеци тетовското обвинителство сослушуваше долга листа на над 50-тина сведоци, по што е комплетиран материјал од неколку илјади страници за трагедијата во Тетово. Досега се обезбедени и видео-снимки од ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбени згради, куќи, како и обезбедување на целокупниот видео-материјал објавен, како од индивидуални поединци, така и од социјалните мрежи.

Десетина сведоци сами се пријавија во тетовското обвинителство за да раскажат што се случувало ноќта на 8 септември кога само за неколку минути изгоре модуларната болница, во која се лекуваа ковид-пациенти. Станува збор за лица кои вечерта биле присутни во  ковид центарот – дел од нив се лекувале, а останатите биле придружба на своите блиски заразени со ковид. Сите тие сведочеле за миговите кога настанал пожарот и нивниот обид да се спасат бегајќи низ прозор. Тие беа сослушани во својство на „лица што даваат потребни известувања“.

Комплетирани две домашни вештачења 

Обемната документација содржи и два извештаи – оној којшто го изготви крим-техника од МВР, како и вештачењето од Технолошкиот факултет за градбата. Извештајот на МВР посочи дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Вториот важен извештај е од Технолошкиот факултет за градбата кој се фокусираше на изградбата на модуларната болница, која изгоре за само неколку минути. Вештачењето било фокусирано конкретно на два материјали коишто беа спорни во јавноста по избувнувањето на несреќата, кога беше обелоденето дека модуларниот објект е граден со ПИР место со ПУР пена.

Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници, покажуваат документите до кои дојде Дојче веле. Во план била лесна, брза и монтажна изградба на објекти по принципот клуч на рака. Притоа се користеле ПУР материјали, кои според експертите, не нудат доволна заштита при пожари.

По катастрофалниот пожар, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска даде наредба Бирото за јавни набавки да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите модуларни болници во државата. Но, и по четири месеци нема ништо конкретно од проверката на тендерската документација. Рукоска за ДВ вели чекаат од МВР да им бидат доставени документи коишто биле побарани.

Извор: ДВ 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ