• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Зошто цвета државниот криминал во Северна Македонија?

January 18, 2022

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Зошто цвета државниот криминал во Северна Македонија?

January 18, 2022 06:45
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Најуспешен начин на борба со криминалот е онаа која оневозможува криминалот да се исплати.

Криминалецот не смее да бенефицира од сопствените криминални дејствија, да биде поставен во повластена положба, или пак да помине со минимална казна која на крајот сепак ќе му овозможи уживање во резултатите од криминалната активност.

Во Македонија, криминалот направен од позиција на власт се исплати.

Тоа се постигнува на неколку начини.

Прво, криминалните дејствија формално-правно се прогласуваат за правни (со соодветно прилагодување на законите и подзаконската регулатива). Ова многу често се прави со антиципација на идни можни криминални зафати на високи функционери во власта и наменска декриминализација на истите.

Второ, криминалните дејствија не се истражуваат. Тоа се прави со системско и систематско уништување на сите истражни органи. Тоа се прави со нивно корумпирање, или партизација, со   нивна дефункционализација (отсуство на елементарни услови и алатки за работа), со намалување на нивните надлежности и со нивно отсекување од системот на прогон (изолација со создавање тампон зона на други нефункционални институции).

Трето, криминалните дејствија не се процесираат. Тоа се прави со задржување на тужби, со развлекување на постапките (до ниво на застарба), со отфрлање пријави и со очигледно и нескриено коруптивно делување на правосудните органи.

Четврто, осомничените за направен криминал од позиција на власт можат да ги користат сите ресурси здобиени со направениот криминал (пари, материјални добра, воспоставени врски и позиции, остварен статус, претходно направени мрежи од корумпирани правосудни структури, повластени информации).

Петто, криминалот во Македонија нема партиска, етничка, ниту верска боја. Тој е мултикултурен, мултипартиски и мултиконфесионален. Криминалот е испреплетен меѓу оние кои се моментално на власт, тие кои биле претходно на власт и тие кои се спремаат да дојдат на власт. Тоа овозможува водење божемни процеси, кои имаат за цел само да ја дефокусираат јавноста од очигледната поврзаност на интересите и начинот на делување на навидум спротивставените групи.

Шесто, главна задача на секоја владејачка структура останува да обезбеди да функционираат каналите на крадење на јавното добро, незаконско богатење на високите функционери и неказнивост.

Сè додека се носат закони со кои се обезбедува интерес на некој во или близок до власта (а се очигледно спротивни на интересите на голем број граѓани), сè додека осомничени и осудени за криминални дејствија од позиција на власт може да се бранат од слобода со користење на парите кои се стекнати додека биле на позиција на власт, сè додека застаруваат случаи против високи функционери во власта и сè додека осомничени за големи прекршувања на законите може да бидат дел од власта, криминалот во Македонија ќе се исплати, а борбата со криминалот ќе биде само обична фарса со која се залажуваат граѓаните.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ