Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски од денеска престојува во официјална посета на Бугарија, каде што утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија.
Официјалната владина делегација на Република Себерна Македонија, освен премиерот Димитар Ковачевски, ја сочинуваат и Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресорси , заменик отна претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер за финансии, министерот за економија Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на владата и Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на премиерот.
За време на посетата предвидено е да бидат потпишани неколку билатерални документи, по што двајцата премиери ќе одржат прес-конференција.
Заедничката седница следува по минатонеделната официјална посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје кога беше договорено формирање на работни групи од двете страни кои интензивно треба да работат за надминување на недоразбирањата и интензивирање на соработката меѓу двете земји.