• Latest

Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот, испраќачите бараат ослободување на новинарите на Алфа, Момировски и Милосављевиќ

January 27, 2022

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот, испраќачите бараат ослободување на новинарите на Алфа, Момировски и Милосављевиќ

January 27, 2022 10:29
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител Љубомир Јовески  вчера добил смртна закана преку писмо во кое испраќачот бара ослободување на новинарите од „Алфа“,Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, пренесува Слободен печат.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“, стои во заканата до Јовески.

Писмото стигнала до Јовески од Битола, а било адресирано лично до него.

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се од највисоки еминентни и заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“,  се вели во писмото.

Писмото до Јовески/ Фото Јавно обвинителство

Јовески на ваквите закани возвраќа дека се залудни.

„Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство. Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката“, велат од обвинителството.

. Пред извесно време до Основното јавно обвинителство беше поднесена кривичната пријава од Агенцијата за разузнавање за новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, кои беа поканети за давање исказ во ОЈО, по повод , како што стои во пријавата,  издавање државни тајни во емисијата со наслов „Заспиј ако можеш“ што се емитуваше на ТВ „Алфа“ на 11  јануари 2021 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ