• Latest

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

February 2, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

February 2, 2022 12:19
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување, пренесува информативната агенција МИА.

Судијата известител Осман Кадриу, изнесувајќи го барањето на денешната трета седница на Уставниот суд, посочи дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

– Врз основа на поединечност, подносителот овде се повикува на конечната спогодба и на начин на кој е елаборирано, спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица, изјави Кадриу.

Според Кадриу, клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање.

Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бара од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа и се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт.

Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка.

Каракамишева пред да поднесе барање пред Уставниот суд, се обраќа до Граѓанскиот суд во Скопје, кој се прогласува за апсолутно ненадлежен да одлучува, по што таа во законскиот рок, се обраќа до Уставниот суд.

Во образложението пред Уставниот суд, Каракамишева, како прв основ го наведува тоа дека во преамбулата на конечната спогодба од Преспа не се споменува името на државата, туку се кажува другата страна, со што со такво нормирање таа смета дека нејзините права се повредни и втор правен однос кој се повикува е дека со склучениот акт на спогодба континуирано и со трајно дејствие и се повредни нејзините права. 

Освен одлуката за отфрлање на барањето на Каракамшева, Уставниот суд на денешната седница, на која присуствуваа сите пет судии, по расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да ја отфрли иницијативата поднесена од Здружение на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од дискриминација“ од Виница за поведување постапка за оценување на уставноста на член 68 став 2 од Законот за нотаријатот, ја отфрли иницијативата од подносителот Синдикат на полиција во Македонија-Велеза оценка на уставноста и законитоста на член 338 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи ,  не поведе постапка од подносителот Тони Трифуновски, застапуван од адвокат Трајче Китановски за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката  за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 04 Блок 04.02, Општина Карпош – Скопје, донесена од Советот на Општина Карпош, број 09-6997/8 од 12.11.2020 година, и ја укина Одлуката бр.09-1484/7 од 03.03. 2017 година за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01 Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“  бр.3/2017), донесена од Советот на Општина Карпош од подносител: Невена Георгиевска од Скопје.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ