• Latest

Уставниот суд ќе ја одржи третата седница, на дневен ред и поднесокот на Каракамишева

February 2, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе ја одржи третата седница, на дневен ред и поднесокот на Каракамишева

February 2, 2022 08:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд ќе ја одржи третата седница на која ќе расправа по три иницијативи и едно барање за заштита на права и слободи, како и еден предлог за одлучување по еден предмет.

Пред уставните судии ќе се најдат трите иницијативите поднесени од:  Здружението на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од дискриминација” од Виница, а се однесува на член 68 став 2 од Законот за нотаријатот. Според подносителот на иницијативата оспорената одредба била спротивна на членовите 9, 51 и 54 од Уставот, како и на членот 14 од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи од причина што одредбата го ограничувала правото на граѓанинот сам да си состави приговор против издадениот платен налог, сам да состави жалба против решението на судот итн. што претставувало директна дискриминација на граѓанинот и неговото право сам да се застапува пред нотар или суд, иницијативата поднесена од Синдикат на полиција во Македонија-Велес, со која се предлага Судот да поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на членот 338 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, како и иницијативата поднесена на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 04 блок 04.02, Општина Карпош – Скопје, донесена од Советот на Општина Карпош, бр. 09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на општина Карпош” бр.20/2020),

Уставните судии ќе го разгледуваат и Барањето за заштита на слободи и права поднесено од проф. д-р Тања Каракамишева од Скопје, според кое е повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи. Подносителката Каракамишева смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации,за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна” Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Коsијас и „Втората страна” (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ