• Latest

Одземена сателитската лиценца на „Раша Тудеј“ во Германија, Кремљ се одмазди со затворање на рускиот сервис на „Дојче Веле“

February 4, 2022

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Одземена сателитската лиценца на „Раша Тудеј“ во Германија, Кремљ се одмазди со затворање на рускиот сервис на „Дојче Веле“

February 4, 2022 11:56
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руските власти донесоа забрана за емитувањето на програмите на германската медиумска корпорација Дојче Веле во земјата, ја затворија канцеларијата, додека на новинарите им ја одземаа акредитацијата за работа во Русија. Одлуката следеше само два дена откако Германија ја одзеде лиценцата за сателитско емитување на државниот руски телевизиски канал „Раша тудеј“ (РТ) на германска територија. Веднаш потоа, YouTube го блокираше германскиот канал RT на својата платформа неколку часа по започнувањето на емитувањата во декември, извести „Вистиномер“.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека возвратува со мерки против германските медиуми акредитирани во Русија, како и на Интернет платформите, кои произволно и неразумно ги избришале каналите на РТ. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во четвртокот изјави дека Русија ќе објави серија мерки против германските медиуми поради забраната за емитување на РТ ДЕ.

Државната новинска агенција РИА Новости го објави планот за делување на руската власт кон германската медиумска компанија Дојче Веле. Покрај затворањето на дописничката канцеларија на Дојче Веле во Москва и одземање на акредитациите на сите вработени во руското биро на ТВ и радио компанијата, најавен е и прекин на сателитското и друго емитување на Дојче Веле. Потоа, покренување постапка за обележување на медиумот како странски агент и забрана за влез во Русија на претставници на германските државни и јавни структури вклучени во одземањето на дозволата за работата на РТ ДЕ. Списокот со имиња нема да биде јавно објавен.

Генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург, рече дека одлуката на руската влада само ќе ја зајакне решеноста на ДВ да известува за настаните во Русија.

Ова е уште еден знак дека руската влада не е заинтересирана за слободата на печатот и слободата на мислењето. Дури и да треба да ја напуштиме земјата, ќе го интензивираме известувањето за земјата. Ние нема да го игнорираме тоа што се случува во Русија, туку ќе известуваме. И тоа ќе го правиме сè повеќе и повеќе, рече генералниот директор на ДВ, Лимбург, кој реакцијата на Русија ја оцени како „тотално претерана“.

Дојче Веле, кое емитува програма на 30 јазици, вклучувајќи и на руски, најави дека ќе преземе правни мерки.

По забраната, Германското здружение на новинари (DJV) го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја укине и да ги врати акредитациите на новинарите.

Нема никакво оправдување за оваа драстична мерка на цензура, рече претседателот на DJV, Франк Уберал, нарекувајќи го чекорот „евтина одмазда“ за одлуката на германскиот регулатор за медиуми.

Од друга страна, Владимир Соловјов, претседателот на Сојузот на здруженија на новинари на Русија, во изјава за РИА новости вели дека Дојче Веле понекогаш ги кршел руските закони, но долги години работеше слободно во Русија.

Прво, Сојузот на здруженија на новинари е секогаш против какви било ограничувања на медиумите, како против ограничувањата што се наметнуваат на нашите медиуми во странство, така и оние што за работата на странските медиуми во нашата земја. Ние сме за слобода на печатот. (Дојче веле – уред.заб.) понекогаш го прекршуваше рускиот закон, ги повикуваше луѓето на митинзи и објавуваше сосема непристојни текстови и карикатури упатени до лидерите на руската држава. Очигледно, дојде време да се стави крај на ова, изјавува Соловјов за РИА новости.

На 1 февруари, Комисијата за регистрација и надзор на регулаторите за медиуми на Германија официјално го забрани емитувањето на ТВ каналот РТ ДЕ во Германија, наведувајќи дека ја нема потребната дозвола. РТ, пак, објави дека RT DE Productions ќе ја обжали одлуката на германскиот регулатор на суд.

„Раша Тудеј“ од 16 декември 2021 година емитуваше програма во Германија преку дозвола добиена во Србија.  Дозволата ја издаде Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија, кое, повикувајќи се на европското право, ѝ овозможи на руската телевизија да емитува програма во Германија.

Германското регулаторно тело оцени дека српската дозвола е недоволна, бидејќи компанијата што ја произведува програмата РТ ДЕ е со седиште во Берлин и нејзина цел е германската публика.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ