Од Министерството за правда информираат дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.
Од Министерството за правда, посочуваат дека целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.
Предлогот на Законот на граѓанска одговорност , во кои се наведува дека ќе граѓаните ќе одговараат и за „негативно мислење“, предизвика бурни реакции од целокупната јавноста, а особено беа гласни претставниците на правната и новинарската фела.