• Latest

ССМ: Владата да застане на страна на работниците и да го стави предлогот за минималната плата на ССМ на гласање

February 6, 2022
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ: Владата да застане на страна на работниците и да го стави предлогот за минималната плата на ССМ на гласање

February 6, 2022 18:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата на Сојузот на синдикатите на Македонија на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи, порачаа денеска од ССМ.  Тие бараат решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, пренесува МИА.

Повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта.

-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме! Владата која излезе со анализа која ја поздравуваме и која потврдува дека предлогот на ССМ е најреален и одржлив како идејно решение и по кое позитивно се произнесоа и затоа бараме повеќе да не потпаѓаат под влијание и игрите на работодавачите кои се дрзнаа да бараат за себе. Бараме да го стават предлогот на ССМ на гласање на ЕСС кој за нив заклучувајки по анализата изготвена од нивна страна и дискусиите кој ги водат на ЕСС е прифатлив, наведоа во соопштение од ССМ.

Ја охрабруваат Владата, како што велат, цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараат.

-Доколку и понатаму нема решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, ССМ во четврток на 10.02.2022 година ќе излезе пред Собранието на Македонија. Ќе го повика членството да им дадеме подршка на сите пратеници да го изгласаат предлог законското решение предложено од ССМ и доставено до сите нив за минимална плата кое е ставено како 7-ма точка на дневниот ред на седницата што ќе се одржи во четврток на 10.02.2022 година во 11 часот.
Доколку и тоа не се изгласа, почнуваме со Штрајк – блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта и итн., зошто виновни што немаме Минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати се работодавачите, а на Владата и порачуваме одлучно да застане на страната на работниците и да го стави предлогот на ССМ на гласање на ЕСС и истиот да го поддржи, велат од ССМ.

На втората средба што се одржа завчера во Владата за минималната плата не беше постигнат договор. Синдикатите останаа на барањето за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, додека дел од работодавачите изнесоа предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата.

Разговорите, според најавите, треба да продолжат следната недела откако утре на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на последниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

Во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата поднесен од „Левица“ со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата. Досега, поддршка за ваквиот предлог најавија од ДОМ, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија.

Предходно, како реакција на изјавитена поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески, во вестите на ТВ 24, каде  вели дека барањата на Сојузот на синдикати на Македонија да има покачување на минималецот на 18.000 денари се неприфатливи., ССМ на својата Фејсбук страница испрати иронична порака:

„Го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра, а во Македонија 14.000 денари, па веројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците.“

 

Минималната плата ја воведува ВМРО-ДПМНЕ во јануари 2012, кога беше донесен Законот за минимална плата. Тогаш минималната плата изнесуваше 8.050 денари, освен за текстилната и кожарската индустрија, кои оваа сума ја постигнаа дури во 2015. Кога СДСМ дојде на власт во 2017 година, минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Од септември 2017 година, минималната плата е покачена на 12 илјади денари, следните две години порасна за 500 денари, и од декември 2019 година, минималната плата е 14.500 денари. Од април 2021 минималната плата изнесува 15.194 денари. Во моментов, се водат трипартитни преговори помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ