• Latest

Синдикатите до Славески од ВМРО-ДПМНЕ: Славески прима плата во висина на минимална плата во Германија – тешко му е да го преживее месецот

February 5, 2022

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Синдикатите до Славески од ВМРО-ДПМНЕ: Славески прима плата во висина на минимална плата во Германија – тешко му е да го преживее месецот

February 5, 2022 13:09
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Како реакција на изјавите на високиот партиски и градски функционер Трајко Славески во која тој се противи на покачувањето на минималната плата, ССМ на својата Фејсбук страница испрати иронична порака:

„Го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра, а во Македонија 14.000 денари, па веројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците.“

Поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески, во изјавата во вестите на ТВ 24  вели дека барањата на Сојузот на синдикати на Македонија да има покачување на минималецот на 18.000 денари се неприфатливи.

За него поприфатливи се барањата на работодавачите, кои бараат да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата. Според нивната методологија, наместо зголемувањето на минималната плата да биде  во висина на предложените од Владата и прифатени од ССМ, 18.000 денари, минималната плата би изнесувала околу 16.000 денари.

„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот, се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, изјави Славески. Според него, вaквото зголемување од 18.000  би придонело најголем дел од компаниите во Република Северна Македонија да затворат.

Ваквиот став на Славески предизвика револт кај синдикалците од ССМ, особено што доаѓа во екот на веќе тензичниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата за раст на минималната плата, кои го обвинија Славески дека застанува на страната на газдите.

Д. Мишев


Прочитајте и:

Славески, ВМРО-ДПМНЕ, на браникот на газдите и олигарсите

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ