• Latest

Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда

February 7, 2022
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда

February 7, 2022 13:54
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека е погрешна формулација и ненамерен пропуст тоа што во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие ,,негативно мислење”, пишува „Вистиномер“.

Во Предлог-законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, објавен во делот за документи на веб страницата на Собранието, во членот 6 се наведува дека „за навреда може да одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет со намера да наштети на неговите чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење.“ 

Токму оваа формулација „негативно мислење“ предизвика бурни реакции од професионалните новинарски здруженија, како и од повеќе адвокати, кои што посочија дека на ваков начин се остава простор за воведување цензура на критичкото мислење и изразување во државата. Особено ова беше негативно толкувано, со оглед на тоа што овие законски измени на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, се прават со цел сообразување и приспособување на законите на Република Северна Македонија со правото на Европската унија.

Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека се работи за ненамерен пропуст и погрешна формулација, која што ќе биде исправена со амандман. Во целата процедура на законските измени во инклузивен процес вклучени беа и Здружението на новинарите и новинарскиот синдикат, но, сепак, како ненамерна грешка, во текстот од предлог законот уште од јули 2021 година стои овој дел за „пренесување негативно мислење“, сè додека неодамна не го забележаа група адвокати и бурно реагираа, свртувајќи го вниманието на новинарската фела и на јавноста кон оваа горлива тема суштинска за слободата на изразување и за новинарската работа.

Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог-законот, каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа. Министерството за правда целосно ги поддржува новинарските слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, велат оттаму за Вистиномер.

Запрашани што ќе стои на местото на делот каде што досега стоеше „одговорност за пренесување негативно мислење“ од Министерството велат дека за тоа дополнително ќе информираат утре.

Од Здружението на новинарите, пак, велат дека „оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување“.

ЗНМ бара ова, во дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година која, во тоа време беше позитивно оценета и од ОБСЕ и Советот на Европа. Иако во локалната судската пракса предметите кон медиумски работници се, пред сè, за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција, доколку не се измени, може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основна е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните, велат од ЗНМ.

Текстот на овој предлог-закон е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда. Така, максималната казна што за навреда ќе може да ја плати новинар е 400 евра.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, вели дека се надева оти станува збор за груба грешка, инаку слободата на изразување и новинарската работа во државава се во сериозна опасност.

Ако е тоа точно што е таму напишано, тогаш станува збор за сериозно враќање наназад спротивно на демократските вредности. Затоа ќе инсистираме тоа да се промени во Собранието со амандманска интервенција, бидејќи ваков тип на флоскули повеќе личат на земји од комунистичките, режими отколку на демократски држави, изјави Чадиковски за Вистиномер.

Адвокатите Јанаки Митровски и Александар Тортевски меѓу првите укажаа дека не е во ред да се одговара за навреда за пренесено негативно мислење.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ