• Latest
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Ексклузивно обраќање на украинската амбасадорка Задорожњук: Или сите демократски цивилизирани земји ќе се обединиме, или ќе изгубиме во оваа цивилизациска војна, но, сигурна сум ќе победиме

February 9, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ексклузивно обраќање на украинската амбасадорка Задорожњук: Или сите демократски цивилизирани земји ќе се обединиме, или ќе изгубиме во оваа цивилизациска војна, но, сигурна сум ќе победиме

Не би било претерување ако се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Или ќе живееме во релативно стабилен свет, со јасни правила на игра за секоја држава без исклучок, во согласност со основните правила на меѓународното право, или постојниот систем ќе биде целосно уништен.

February 9, 2022 16:14
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина Н.Е. Наталија Задорожњук учествуваше на панел дискусијата во ораганизација на ЦИВИЛ, на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“.

Амбасадорката на почетокот на своето излагање се заблагодари за поканата да се обрати до учесниците на овој, како што кажа,  многу важен настан.

-Не би било претерување ако се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Или ќе живееме во релативно стабилен свет, со јасни правила на игра за секоја држава без исклучок, во согласност со основните правила на меѓународното право, или постојниот систем ќе биде целосно уништен.

И сега прашањето не е толку во украинско-руските односи, прашањето е многу пошироко, се однесува на сите земји, вклучувајќи ја и пријателската Северна Македонија. Или сите сме на страната на силата на правото, или победува авторитарната Русија со своето право на сила.

Што се однесува конкретно до украинско-рускиот конфликт, секогаш е тешко со соседите, но цивилизираните земји ги решаваат споровите меѓу себе на цивилизиран начин. Не можам да замислам некој сосед на Македонија во 21 век да дојде кај вас и да ви украде дел од територијата, при тоа убивајќи околу 15.000 луѓе. И тоа е само затоа што вашата земја сака сама да си ја избере сопствената иднина, својот пат на развој.

Главните причини за оваа не само хибридна, туку и вистинска војна се стремењето на Русија да ја обнови империјата, да го зачува нејзиниот авторитарен режим, со помош на Украина, Белорусија, Молдавија и Грузија да се оддели од Западниот свет. Русија сака да ги гледа нашите земји, а особено Украина, како контролирана пречка за ширење во Русија на западните вредности, слобода и демократија, кои му се закануваат на авторитарниот режим на Путин. Силната, просперитетната, демократската Украина е сериозна закана за Путинскиот режим, рече Амбасадорката.

Покрај тоа, Русија настојува на сметка на Украина да ја подобри својата демографска рамнотежа (словенското население изумира и емигрира, бројот на други народи значително расте), како и да си ги припише себеси економскиот и научно-техничкиот потенцијал на Украина.

Ние, иако со големи тешкотии и загуби на човечки животи, излеговме од тој тоталитарен систем. За жал, подоцна од Балтичките земји, Полска, Словачка, Чешка, Унгарија.

На нашиот пат има сериозни потешкотии, мораме паралелно да се развиваме, да спроведуваме реформи и да војуваме во исто време. Многу е тешко. Но, ние сме подготвени. За нас слободата не е празен звук. Тоа го докажувавме во текот на целата наша историја. Бевме угнетувани од Руската империја, уништувани со глад од сталинистичкиот систем (знаете дека поради вештачкиот глад во Украина во 32-33 година на најплодните почви на светот загинаа околу 10 милиони невини луѓе).

Еднаш им кажав на моите пријатели амбасадори на Полска, Унгарија и Чешка дека треба да бидат среќни што Украина се наоѓа меѓу нив и Русија. Ако треба, ние сите ќе се обединиме, и оние кои се за претседателот Зеленски и оние кои се за претседателот Порошенко, и оние кои зборуваат на украински и  оние кои зборуваат на руски. Сега сме многу посилни отколку што бевме во 2014 година.

Имаме една од најмоќните армии во светот. Имаме силна поддршка од земјите од западната цивилизација, кои ја разбраа суштината на рускиот режим и руската политика. Денес Русите доаѓаат по Украина, а утре по Полска, Романија, Балтичките земји, земјите од Балканскиот регион.

Заедно со нашите сојузници формулиравме три насоки за одвраќање на Русија – дипломатско-политичка, економско-санкциона и воено-техничка. Политичката е солидарност со Украина, економската е зајакнувањето на политиката на санкции што ја прави Русија многу послаба, а третата е воената помош, обезбедувањето на одбранбено оружје.

Во оваа насока, исто така, очекуваме јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателската Северна Македонија. Очекуваме приклучување кон санкциите на Европската Унија (не може да се седи на две столчиња, има моменти во животот кога треба сам да одлучиш, пред се на која страна од барикадата си. Украинците имаат многу убедливо негативно искуство со неутралноста). Ако одиме во ЕУ и НАТО, ако сме дел од европските вредности, тогаш тоа го демонстрираме не само со зборови, туку и со нашите постапки и дела.

И уште еден момент на кој би сакала да се задржам. Кремљ и неговите поддржувачи во други земји (некои од нив платени, некои од нив ослепени од руската пропаганда) користат хибридно оружје – информациски, сајбер напади, лажна руска пропаганда. Ова е главно насочено, се разбира, кон Украина. Но, Кремљ го користи насекаде. И Северна Македонија не е исклучок. Неколку примери, пред Амбасадата беше организиран пикет, иако многу луѓе не можеа да соберат, дојдоа 10-тина луѓе со некои неразбирливи пароли, се извикуваа некои имиња. На луѓето на лист им беше напишано што да кажат, а тие не можеа ни да го изговорат правилно. Јас после тоа со отворено писмо го поканив организаторот на оваа таканаречена акција да дојде во Амбасадата и отворено да ги искаже неговите ставови. Сè уште чекам…

Или, на пример, сега има толку многу експерти во македонскиот информативен простор, толку многу аналитичари за украинско-руските односи кои не ги проверуваат фактите, само земаат од извори на руски јазик, искажувајќи пораки на руска пропаганда. Русија е „бела и мека“, а Западот, Украина се виновни за се, ја навредија кутрата, беспомошна Русија. Сè е превртено наопаку. Како конкретен пример од излагањето, исто така јасно е од кој, се појави хистерија во информативниот простор – нема да дозволиме Македонците да ги штитат Украинците. Но, ние не ни баравме такво нешто. Никогаш до ниту една земја не сме се обратиле со молба да ни дадат војници. Повторувам, имаме моќна армија, пред се, се потпираме на себе. Од нашите партнери очекуваме политичка, економска и воено-техничка поддршка.

Во овој контекст, би сакала да им се заблагодарам на Цивил, Цивилмедиа за коректното и објективно прикажување на материјалите, сериозната анализа со конкретни факти и аргументи. Вие вршите исклучително важна работа во отпорот на дрската, бучна пропаганда. Ова ги разликува професионалните медиуми од пристрасно-платените медиуми,

Ќе завршам со тоа од што почнав. Или сите ние демократски цивилизирани земји ќе се обединиме врз основа на демократијата, државниот суверенитет, правото на секоја земја да си го избере својот пат на развој, ќе дадеме силен отпор на обидите светот да се подели на зони на влијание или ќе изгубиме во оваа, како јас би ја нарекла, цивилизациска војна.

Но, сигурна сум дека заедно ќе победиме, потенцираше украинската Амбасадорка.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ