• Latest

ККС бара до средината на март усогласување на платите со минималната, во спротивно не исклучуваат генерален штрајк

February 11, 2022

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ККС бара до средината на март усогласување на платите со минималната, во спротивно не исклучуваат генерален штрајк

February 11, 2022 13:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Конфедерацијата на слободни синдикати бара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата, во спротивно не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк на јавниот сектор.

Раководството на синдикатот денеска на прес-конференција побара почитување на законите и на колективните договори согласно кои треба да се изврши усогласување на платите со минималната плата. Доколку не се направи вакво усогласување, велат од синдикатот, ќе има ситуации во кои неколку позиции различни по коефициент на сложеност, ќе бидат изедначени.

Според синдикатот, во јавниот сектор не се почитуваат законите и колективните договори поради што вработени земаат основна плата под минималната, а не се зема ниту соодветна плата според коефициентот на сложеност.

– Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски на прес-конференцијата.

Вели дека во вторникот, веднаш по седницата на Економско-социјалниот совет, испратиле допис до премиерот Димитар Ковачевски и побарале средба за решавање на овој проблем, но дека досега немаат никаков одговор. Членството на синдикатот, како што истакна, секојдневно врши притисок и бара радикализација на идните чекори.

– Ние му даваме шанса на социјалниот дијалог, но има најразлични барања – директно да се оди на генерален штрајк. Членството се јавува секојдневно, од дента кога беше донесена минималната плата ни се јавуваат да не прашаат дали ќе ги почитуваат колективните договори, истакна Ралповски.

Прашањето, според синдикатот, треба да се реши до 15 март и да се направи ребаланс на буџетот затоа што се работи за поголема сума на пари што треба да бидат одвоени.

Од синдикатот го поздравуваат амандманот на Законот за минимална плата што го најави опозицијата и ги повикаа сите пратеници да дадат поддршка со цел вработените во јавниот сектор да го добијат она што законски им следува.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ