• Latest

Продолжува судењето за ,,Меѓународен сојуз”, Боки 13 нема да дава одбрана додека не му го вратат телефонот

February 11, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Продолжува судењето за ,,Меѓународен сојуз”, Боки 13 нема да дава одбрана додека не му го вратат телефонот

February 11, 2022 14:17
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на тројца обвинети во случајот ,,Меѓународен сојуз”, меѓу кои и Бојан Јовановски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, истакна дека нема да пристапи кон сослушување на предложените сведоци, односно изведување на вербални докази, сѐ додека не биде овозможено изведување на материјалните докази содржани во телефонот на првообвинетиот Јовановски, пренесува МИА.

– Сѐ додека материјалните докази во конкретниот случај, единствено содржината од „ватсап” комуникацијата од одземениот телефон на обвинетиот Бојан Јовановски, не биде екстрахирана во законски предвидена форма, и изведена како доказ во оваа постапка, ние како одбрана нема да пристапиме кон давање на исказ на обвинетите како доказно средство кое што го предвидува Законот за кривична постапка, посочи адвокатот Сашо Дуковски.

Тој побара од судот ова барање да не се третира како бранење со молчење.

– Го молам судот без измени и дополнувања, вака како е наведено, да постапува по ова што јас сега го кажав, и би замолил, истото да не се третира како некакво си бранење со молчење или некаква друга правна формулација, затоа и ќе повторам и со тоа завршувам, дека, сѐ додека не се изведат материјалните докази, посочив кои, давањето на одбрана е безпредметно и во ништо нема да помогне за утврдување на фактичката состојба, кажа Дуковски.

Првообвинетиот Јовановски од судот побара да му биде вратен телефонот за кој рече дека ќе му бидат доволни од три до седум дена да бидат екстрахирани податоците, дотолку повеќе што предложените и прифатени докази од страна на судот има право како првообвинет да ги презентира пред судот.

– Укажувам и потенцирам на судот дека јас како првообвинет во оваа постапка, не се откажувам од правото на давање на своја одбрана и исказ, апелирам и го замолувам судот да ми овозможи, согласно законските предвидени процедури според ЗКП во смисла на водењето на главната расправа, остварување на секоја предвидена и одобрена фаза од страна на судот во однос на доказната постапка, рече Јовановски.

Тој посочи дека изведувањето на материјалните докази, па потоа изведувањето навербалните докази, односно сослушувањето на предложените, па потоа прифатените сведоци од страна на судот, се тесно поврзани со неговиот исказ кој што треба да го даде пред судот како првообвинет во постапката.

Судот на денешното рочиште истакна дека во целост се грижел за остварување на правата на одбраната во постапката и за обезбедување правично и фер судење.

– Токму во таа насока, судот за одбраните на повеќе од обвинетите обезбеди докази од правни лица и институции токму за да одбраната ги употреби во оваа постапка, истакна судијката Софче Гаврилова Ефремова.

Во однос на телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, односно материјалите кои се содржани на телефонот, таа истакна дека тој е одземен и обезбеден во првата постапка која што се водеше против обвинетиот Јовановски, позната како ,,Рекет 1″.

Таа посочи дека податоците од телефонот на обвинетиот се обезбедени од институција која е овластена, стручна и компетентна и постапува согласно правните правила.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Денешното рочиште треба да продолжи со одбраната на обвинетата Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ