Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје спроведуваат кампања за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите. Проектот „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава.
Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.
Идејата е преку видеата да се потсети јавноста да избгенува родово насочени навреди и да се илустрира важноста на улогата на професионалното новинарство во едно демократско општество и да се стави акцент на слободниот пристап до информации кој е од клучно значење за јавноста.
Првото видео со наслов „Медиуми, слобода на говор и демократија“ зборува токму за начинот како да се стигне до бараната информација.
.