Дехран Муратов од ЦИВИЛ, кој беше модератор на панелот “Нелегалното оружје и организираниот криминал: Се е поврзано“, говори за работилниците кои конвертираат пиштоли за звучна и светлосна сигнализација, и за опасноста од истите.
„Додека траеше нашето истражување, дојдовме до информации дека всушност има и работилници кои конвертираат пиштоли за звучна и светлосна сигнализација, и во минатиот период, мислам дека во 2019 година е откриена една таква работилница во Македонија. За среќа, се уште немаме податок дали со таков пиштол се извршило некое убиство или обид за убиство. Но, интересен е податокот што го дознавме, а тоа е дека таквите оружја се наменети за една употреба. На пример, откако ќе се испука куршумот, цевката се топи, се уништува. Едноставно тој пиштол не постои, нема сериски број, не се знае каде е произведен, може буквално, како што ни беше кажано, да се најде на пазар таков пиштол, да се купи и да се преработи, и потоа да извршиш убиство, да го фрлиш и никој да не знае. За среќа кај нас нема податоци дека е извршено такво дело, но во западот и во европските земји има информации за обиди или убиства со такво оружје. Тоа може еден човек да го направи, во гаража и да направи неколку такви оружја, кои можат да бидат добар повод за криминалните групи, посочува Муратов.
„За среќа сега имаме поригорозен закон, порано секој можеше да си купи таков пиштол, сега е сменет законот, веројатно како последица од вакви сознанија и нашите служби веројатно работат повеќе на и имаат сознанија дека некој може да го употреби тој сигнален пиштол кој можеби ќе им служи на планинарење, за заплашување животни, но ете, некој не го користи за планинарење туку за други потреби.“
„Ние секако ќе продолжиме да работиме, пред се на полето на човековите права и слободи, а човековите права и слободи не може да се бранат со оружје. Ние сме, и ќе останеме против оружјето. Ако една кампања чини 250 денари, еден куршум чини уште помалку, а тоа може да уништи живот, порача Муратов.“
Камера: Горан Наумовски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети