АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ
Моментално во Украина имаме старо – нова ситуација. Путин и понатаму тврди дека Русија нема намера да ја нападне Украина. Западни извори и САД повикувајќи се на разузнувачките информации и понатаму тврдат дека Русија има намера да предизвика сериозен инцидент кој би бил повод за напад на Украина и лицитират со датуми кога тоа ќе се случи.
Во Киев се живее релативно „мирно“. Реалната слика од теренот зборува дека во реонот на Донбас и отцепените територии има војна помеѓу сепаратистите и украинските војници. Русите ги обвинуват Украинците дека во четврток тие ја гранатирале градинката во која за среќа немало жртви, а Украинци тврдат дека е тоа руска провокација.
Евакуација на цивили
На истокот од Украина ситуацијата станува се подраматична и расте стравот од украинската офанзива. Украинските бунтовници и војската почнаа со ракетирање и спремни се, во најблиска иднина да извршат офанзива во Доњецк и Луганск, при што голем број на цивили кои се во таа побласт би се нашле во вкрстен оган. Во последните 24 часа помеѓу 17 и 18 февруари, четвртокот и петокот, гранатирани се пет населби. Поради тоа ,во петок на 18 фебруари, властите на Доњецк почнале со организирана евакуација на цивилите, пред се жени, деца и стари лица на територија на Руската федерација. Колони возила веќе тргнале кон руската граница. Рускиот претседател Владимир Путин и наложил на владата на сите бегалци од Украина да им се обезбеди сместување, храна и да им се исплати по 115 евра.
Москва, како што и порано предупреди, е сериозно загрижена за состојбата во Донбас, но за сега не е најавена контра-офанзива на руските сили. Во сенка на овие случувања, започна и безбедносната конференција во Минхен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш верува дека тензиите нема да преминат во отворена војна. И САД максимално поддржуват пронаоѓање на дипломатско решение за украинската криза.
Одговорноста за влошување на состојбата меѓусебно си ја префрлуваат Киев и Донбас. Москва оценува дека преговорите помеѓу Киев и Донбас мора што побргу да почнат и да се испочитуваат спогодбите од Минск, за да се обезбеди мир во Украина и да се смират тензиите. Се очекува Киев да започне итни разговори со представниците на Доњецката и Луганската област (непризнаени народни републики) и да се договорат околу политичките, економските и другите мерки за прекин на огнот.
Советот за безбедност на ОН одржа седница на која САД повторно ја предупредија Русија од можни, до сега невидени санкции доколку ја нападне Украина.
Европа се плаши од војна
Во Источна Европа расте напнатоста и стравот од војна. Западниот дел на Европа се „натпреварува“ кој ќе испрати поголема воена помош во земјите на истокот од континентот кои биле под руската сфера на влијание. Холандија планира да испрати воена опрема во Украина што вклучува и радарски системи и роботи за откривање на мини.
„Се трудиме да пронајдеме дипломатско решење, но на Украина мора да и се помогне да ја засили својата одбрана“ изјавил холандскиот министер за одбрана Вопке Хекстра.
Поучени од искуството во минатото и непредвидливото однесување на Русија, источно европските земји со помош на НАТО и западните сојузници ја засилуват својата одбрана. Полска купува од САД 250 тенкови Абрамс со подоброни перформанси.
Германскиот воен конвој од 60 возила и 130 војници пристигна во Литванија што е прва половина од планираното засилување на борбената трупа на НАТО предводена од Германија во овој регион на источна Европа. Германија би требало наскоро во Литванија да има вкупно 350 војници и 100 возила.
ОБСЕ предупреди дека во последните 24 часа од 17 до 18 февруари долж линијата на разграничување се забележани 80 прекршувања на примирјето. Украинската војска тврди дека во претходните 24 часа регистрирале 60 прекршувања на примерје од страна на проруските сепратисти и дека е ранет еден војник. Бројот на инцидентите во источна Украина нагло се зголемил од четврток кон петок што украинаските власти го толкуват како голема провокација за евентуален напад врз Украина. Додека од Луганска народна репулика тврдат дека украинските владини трупи во тие исти 24 часа дури 29 пати го прекршиле примирјето.
Вежба со нуклеарни глави
Она што посебно ги загрижува набљудувачите е најавената вежба на руските нуклеарни сили кои лично ќе ги надгледува претседателот Путин, а во чии рамки е планирано и лансирање на балистички и крстаречки ракети.
Повикувајки се на разузнавачките податоци, Вашингтон тврди дека повлекувањето на руските сили од граница со Украина е трик за да се измами меѓународната заедница. Руското министрество за одбрана објави серија видео снимки на кои се гледа преместување на руските воени потенцијали. Истовремено руската страна тврди дека од цроморската флота се повлечени 10 бомбадери Су-24 кои беа на Крим и дека се вратени во своите бази откако им завршила обуката на терен. Но сега почнува обука со нуклеарно оружје, што е уште позастрашувачко.
Тешко е реално да се оцени состојбата, се добива впечаток дека таа не се смирува, но и не ескалира. Еден дел на руската војска кој изведуваше маневри во близина на украинската граница наводно се повлекува во касарните, но руските воени потенцијаои се сеуште огромни во близина на границата. Искра која би можела да го запали огнот би била евентуалната провокација на териториите на Доњецк и Луганск, каде живее руското население кое прогласи самостојност која никој не ја признава, и која всушност останува дел од украинската територија и ќе треба да добие некаква аутономија. Украинскиот министер за одбрана Алексиј Резњиков оценува дека е малку веројатно да дојде до поширок судир со Русија, барем додека трајат преговорите.
Најавена е нова серија на дипломатски контакти помеѓу министрите за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, со неговиот американски колега Лојд Остин, а американскоиот државен секретар Ентони Блинкен би требало да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Зборувајки во Советот за безбедност на ОН Блинкен смета дека единствениот начин да се реши оваа криза е преку дипломатија и дијалог.
Главни актери
Од почетокот на кризата, централните разговори се водат во главно помеѓу Америка и Русија околу безбедносните гаранции кои од западот ги бара Русија, вклучително и запирање на ширењето на НАТО кон нејзините граници. Самата Украина не е толку на дневен ред колку поширокиот контекст на безбедносните прашања помеѓу Вашингтон и Москва, како и борбата за влијание во овој дел на светот помеѓу двете најголеми светски сили. Двете страни се свесни дека војна во Украина не е никакво решение и не одговара ниту на една од двете страни. Всушност, како што пишуваше Цивил медиа, се работи за зајкнување на позициите на главните актери во овие преговори кои треба да ја деескалират кризата.
Додека русите ѕвечкаат со оружјето околу украинската граница, а западот се заканува со санкции и ги наоружува источно европските партнери, на сцена е хибридната војна и војната со лажни вести. Да се надеваме дека до онаа, вистинската војна нема ни да дојде.
Се што се случува поврзано е со засилувањена на позициите во преговорите на релација Москва – Вашингтон.
До сериозно заострување на ситуацијатга би можело да дојде само ако Украина преземе некои чекори кон Донбас, на што Русија би реагирала со сериозен воен одговор, но проценките зборуват дека и тоа би останало во ограничени рамки. Ниту на Русија. ниту на Европа не им одговара судир, но високите тензии ги мобилизират сојузничките сили во Европа, што е некој вид на проверка на безбедносниот систем на НАТО и партнерите во овој дел од светот. Така што, Украина практично и не е на дневен ред. Она, каде од Европа би требале да очекуваме проактивно делување, е поенергична заложба за почитување на договорите од Минск.
Тролови, хакери и останати махери
Минатата недела, на 16 фебруари извршен е сериозен сајбер напад на веб-страниците на украинсктото Министерство за одбрана и армијата на Украина, како и на двете најголеми украински банки. Како што објави Њу Јорк Тајмс, се работи за најголем напад од ваков вид во историја на Украина.
Руските хакери се одамна присутни на највисокото ниво на политичката и општествена сцена. Колку е всушност опасна руска кибернетичка војска? Санкт Петербург е руска порта кон Запад, го сметаат за нај европскиот град во руска федерација. Познат е како туристички град, но и како центар на интернет тролови. Тоа е таинствениот свет за кој се предпоставува дека е под директна контрола на Путин и неговите најблиски соработници. Нивната задача е да креираат и да шират политички лажни вести на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.
Троловите и хакерите се активни на сите канали. Тие работат во текот на целото деноноќие, под строгиот надзор и контрола на руските служби. Главната цел е да се критикува Западот и да се шират руските политички ставови. Вклучително и во изборите во западниот свет. Иако не е до крај утврдено дали на послендите избори во САД го поддржувале Трамп, беше видливо дека ги дискредитирале неговоте противници.
Тоа се всушност цели фабрики на тролови кои потсетуваат на сцени од највозбудливите шпионски трилери, и непоколебливо стојат со Путин и желбите на Кремљ. Тие се потпираат на нив и морат да ја подржуваат нивната политика. Војската од тролови, 24 часа секој ден, објавува лажни вести и пропаганда која одговара на руската влада. Троловите примаат месечно по 1000 евра плата, што е далеку над просечната руска плата, за непрекината продукција во која се вклучени и фотографии кои се обработуват и креират во фотошоп според потребите на службите.
Руската влада наводно на овие фабрики троши 360 милиони евра годишно. Фабриките на тролови функционират како нормални фабрики, а само во Санкт Петерсбург има над 100 тролови. Вработените во фабриките на интернет тролови ја чинат владата повеке од 11 милиони долари годишно, и се смета дека тие се едни од главните столбови на руската надворешна политика. Русија не е само регионална сила на интернет, пријателските режими во целиот свет и оние кои допрва сакат тоа да станат, мораат да го подржуват руското мислење.
Кои се бенефитите на младите луѓе кои се вработуваат во овие фабрики на тролови? Сигурност на работното место, висока и редовна плата. Троловите се само врв на големата санта мраз. Руските хакери со години прават хаос во информатичкиот систем на европските институции и банки, како и на интернет. Руските хакери се сметаат за едни од нај лукавите, поради доброто образование и инволвираноста во многу области.












