Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во заедничко соопштение ги изнесоа ставовите за одлуката на руската Федерација за признавањето на Доњецк и Луганск за независни и испраќањето руски војници во одредени област.
Russia's aggression against Ukraine is illegal and unacceptable.
The Union remains united in its support for Ukraine's sovereignty and territorial integrity.
A first package of sanctions will be formally tabled today.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 22, 2022
Одлуката на Руската Федерација да признае како независни ентитети и да испрати руски војници во одредени области на украинската област Доњецк и Луганск е незаконска и неприфатлива. Тоа го крши меѓународното право, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, меѓународните обврски на Русија и дополнително ја ескалира кризата, се вели во соопштението.
Двајцата претседатели го поздравуваат цврстото единство на земјите-членки и нивната решеност да реагираат со робусност и брзина на незаконските дејствија на Русија во тесна координација со меѓународните партнери.
Денеска во 16 часот ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со кој претседава високиот претставник. После тоа, доцна попладнево официјално ќе биде ставен првиот пакет санкции.
Соодветните тела потоа ќе се состанат за да го финализираат пакетот без одлагање.
Пакетот содржи предлози:
– таргетирање на оние кои биле вклучени во незаконската одлука,
– да се таргетираат банки кои финансираат руска војска и други операции на тие територии,
– да се таргетира способноста на руската држава и влада за пристап до капиталот и финансиските пазари и услуги на ЕУ, да го ограничат финансирањето на ескалаторните и агресивни политики,
– и таргетот да се насочи кон трговијата од двата отцепени региони кон и од ЕУ, за да се осигура дека одговорните јасно ги чувствуваат економските последици од нивните незаконски и агресивни дејствија.
ЕУ подготви и е подготвена да усвои дополнителни мерки во подоцнежна фаза доколку е потребно во светлината на понатамошниот развој.
Двајцата претседатели поддржани од Високото претставништво продолжуваат внимателно да ги следат случувањата на теренот и да се консултираат со колегите лидери на ЕУ и меѓународните колеги.
Унијата останува во целосна солидарност со Украина и обединета во поддршката за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Ние сме подготвени и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нејзиниот народ.
Д. Т.












