• Latest
Зеленски. Фото: Принтскрин

Зеленски бара мировна мисија на ОН во Украина, ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија

February 25, 2022

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски бара мировна мисија на ОН во Украина, ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија

February 25, 2022 10:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Зеленски. Фото: Принтскрин

Зеленски. Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара поддршка од ЕУ за мировната мисија на ОН во неговата земја додека Унијата одржува итен самит во Брисел.

Зеленски ова го напиша во порака на својот профил на мрежата Телеграм.

Скриншот од Телеграм профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски

Тој повтори и други повици како што се исклучување на Русија од платежната мрежа SWIFT и ембарго против руската нафта и гас.

– Помогнете ѝ на армијата со оружје и муниција, поддржете мировна мисија на ОН!, напиша тој.

– Нашиот народ гине за слободата на Украина и Европа. Долго чекавме на отворената врата. Прашавме за членство во НАТО – не слушнав одговор. Сега ни требаат меѓународни правни гаранции за безбедност, јасна европска перспектива и брза и конкретна акција, напиша Зеленски.

Зеленски: Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива

Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– 137 херои, наши сограѓани ги загубија животите, рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство.

Зеленски, исто така, рече дека во борбите биле повредени 316 Украинци.

Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко претходно соопшти дека најмалку 57 лица загинале во тешки борби откако руските трупи ја нападнаа Украина.

Според него, во нападите се повредени 169 луѓе.

Тој го повика населението да дарува крв и додаде дека пациентите кои не се акутни случаи треба да се третираат како амбулантски пациенти што ќе спречи преоптоварување на болниците.

Украинскиот претседател тврди дека руски диверзантски групи влегле во Киев

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски вечерва изјави оти верува дека руски диверзантски групи влегле во украинскиот главен град Киев.

– Според нашите информации, непријателот ме означил како цел број 1, моето семејство како цел број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегле во Киев, рече тој во видео објавено доцна вечерва.

– Останувам во владиниот кварт заедно со другите, додаде Зеленски.

Зеленски: Целта на овој напад е притисок врз вас граѓани

Претседателот Зеленски утринава изјави дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.

Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели.

– Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз властите, туку и врз сите Украинци, рече Зеленски.

Тој додаде дека нападот го потсетил на нападот на Киев во 1941 година.

– Ние сами си ја браниме државата. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно, нагласи Зеленски.

Според него, Русија ќе мора да разговара „порано или подоцна“

Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија поради нејзината инвазија.

– Сè уште не се исцрпени сите можности за санкции. Притисокот врз Русија мора да се зголеми, објави Зеленски на Твитер по разговорот со шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ